ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ за работа со Design Thinking методологија

LEAD во рамки на програмата UPSHIFT има потреба од ангажирање на 1 обучувач за работа со методологијата на Design Thinking коj ќе придонесе за развој на 5 иновативни социјални иницијативи поврзани со прилагодување кон климатските промени во секторот ВОДА.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина.

Првиот циклус ќе биде  реализиран од март до јули 2022 и ќе биде посветен  за развој на социјални иновации за прилагодување кон климатските промени во сектор ВОДА. Целосниот повик е достапен на следниот ЛИНК. Повикот на албански јазик е достапен на следниот ЛИНК.

Преку програмата UPSHIFT, ќе бидат селектирани 10 финалисти, од кои ќе бидат избрани 5 победнички решенија кои ќе добијат поддршка за реализација на решението од 120 000 денари.

ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ

Една од главните одлики на програмата UPSHIFT е користењето на методологија на Design Thinking за истражување на проблемите/предизвиците и изнаоѓање на соодветни и иновативни решенија.

Методологија на Design Thinking е предвидено да биде користена за време на ФАЗА 2, при реализирање на UPSHIFT Bootcamp од 14 до 16 април.

За време на UPSHIFT Bootcamp 10 средношколски тимови, секој составен од по 5 членa ќе треба да поминат низ процесот на Design Thinking за детализирање на проблемите/предизвиците и изнаоѓање на решенијата.

Целта на Bootcamp-от е да се изберат 5 победнички социјални иновации во секторот вода.

Работните задачи на обучувачот ќе опфаќаат:

  1. Подготовка на програма и активности за UPSHIFT Bootcamp од 14-16 април според методологија на Design Thinking во соработка со Програмскиот координатор на UPSHIFT.
  2. Реализација и водење на сесиите предвидени за користење на Design Thinking од 14 до 16 април.
  3. Подготовка на краток извештај за ангажманот

ПРОФИЛ НА ОБУЧУВАЧОТ

  1. Минимум 4 години искуство во реализација на обуки и тренизи
  2. Минимум 4 реализирани обуки/тренинзи со користење на методологијата на Design Thinking
  3. Ке се смета за предност доколку апликантот e сертифициран или има комплетирана едукација како обучувач/тренер
  4. Силни вештини за фасилитирање на групи и процеси
  5. Силни комуникациски и вештини за презентирање

АПЛИЦИРАЊЕ, СЕЛЕКЦИЈА И НАДОМЕСТ

Аплицирањето за обучувач се врши електронски со испраќање на кратка биографија во која се наведени претходни слични ангажмани и мотивациско писмо на следната e-mail адреса: info@lead.org.mk, со назнака„UpShift Апликација за обучувач“

Рокот за аплицирање е до 30.03.2022.

Програмскиот тим може да одлучи да спроведе интеревјуа со дел од кандидатите.

Предвидениот надомест за целокупниот ангажман е 36 000 денари во бруто износ.

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМАТА

ФАЗА 1 – Дефинирање на проблем/предизвик, со можно предлог решение и аплицирање (март)
ФАЗА 2 – UpShift Bootcamp (14-16 април, Струга)

Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120000 денари за имплементација на решението.

ФАЗА 3 – Промоција и активности во заедницата (мај)

5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата  и прибирање на средства.

ФАЗА 4 – Имплементација на социјалните иницијативи (мај-јули 2022)

Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.