ЗАПОЗНАЈ ГИ МЕНТОРИТЕ

Проектен менаџмент
Лица со попреченост
МЛАДИ
Социјална инклузија
Граѓански активизам

НИКОЛА ИВАНОВСКИ

Проектен менаџер и ментор

nikola_ivanovski@yahoo.com

Никола е проектен менаџер, фасилитатор и обучувач со фокус на работата на  младите и лица со попреченост веќе 6 години.Има учествувано во повеќе од 10 младинсски неформални  иницијативи на локално ниво и меѓународно но и како ментор на 4 иницијативи. 

Моментално работи во People in Need на проект за деинституционализација на лица со интелектуална попреченост од Специјалниот завод Демир Капија  и нивна инклузија во општеството.  

Работи на застапување на младите и е дел и од управниот одбор на Нацеионалниот младински совет на Македонија. Бил дел од управниот одбор на Сојуз за младинска работа и извршната канцеларија на Младите можат.

Со својата работа, има придонесено за подобрување на положбата на повеќе 75 лица со интелектуална попреченост, неформлано образование на повеќе од 1000 млади и придонесено во работата на 5 младински организации во Северна Македонија

Силно верува дека младите се не само иднината туку и сегашноста.

Младинска работа
Проектен менаџмент
Менторирање
Фасилитирање
Личен развој
Граѓански активизам

КАМЕЛИЈА ЈАНЕВСКА

Проектен координатор и ментор

kamelija.janevska@gmail.com

Камелија Јаневска е проектен координатор, ментор, фасилитатор и младински работник со повеќе од 8 години искуство во граѓанскиот сектор во С.Македонија.

Нејзината страст е работа со млади на теми кои го опфаќаат личниот раст и развој, менталното здравје, здравствената информираност и превенција и социјалната еднаквост, со цел да се овозможи на младите простор за нивно унапредување, мотивирање и поттикнување да се дел од младинскиот активизам како движечка сила во трансформацијата на заедницата преку потенцијалот за подигнување на општествената свест и унапредување на општествените процеси.

Преку својата работа има придонесено кон  унапредување и развивање на вештини на повеќе од 2000 млади, обезбедување на неформално образование на млади од рурални средини и се има вклучено активно во развојот и работата на 3 младински организации ПРЕВЕНТУС, Младите можат и ЕМСА Македонија.

Своето формално образование го стекнува на Медицинскиот факултет – Скопје.

Моментално работи како проектен координатор во Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните – ПРЕВЕНТУС и е дел од управниот одбор на Младите можат.

Проектен менаџмент
Вмрежување
Еразмус + програма
Младинска работа
Млади
Личен раст и развој

Дијана Мицевска

Проектен координатор
ментор и фацилитатор

dijana.micevska@icloud.com

Дијана Мицевска е проектен координатор, Еразмус + координатор, ментор, фасилитатор и младински работник со повеќе од 7 години искуство. 

Започнува со волонтирање на 16 годишна возраст во домот за деца без родители “11 Октомври”, а потоа со започнувањето на студиите на Медицинскиот факултет во Скопје се приклучува на студентската организација ЕМСА,  најпрво како проектен координатор а потоа е избрана за Директор за медицинска едукација. Во 2018 година е ангажирана како ментор во ЗГ Младите можат, а година подоцна се приклучува на тимот како Координатор за вмрежување и логистика. 

Во 2021 е дел од победничкиот тим на младинскиот хакатон организиран од Агенција за млади и спорт. 

Од јануари оваа година е ангажирана како проектен координатор во Здружение на Млади лекари специјализанти.

Ужива во работа со млади, особено на теми кои вклучуваат креативност, здравје и личен развој. 

Личен и професионален развој
Социјална работа
Младински политики
Менаџмент и човекови ресурси

АЛЕКСАНДРА ФИЛИПОВА

Програмски менаџер за стратешки развој

aleksandra.filipova@nms.org.mk

Александра е социјален работник, ментор, тренер и граѓански активист со преку 10 години искуство во граѓанскиот сектор и неформалните движења во С. Македонија.

Нејзината страст се човековите ресурси, развивање на програми за личен и професионален развој на млади лица како и иновативни пристапи за психо-социјална поддршка, но и застапување и лобирање за младинско учество, квалитетни младински политики и развој на младинскиот стандард и добросостојба. 

Преку своето делување има помогнато за развој на младинскиот сектор во С. Македонија и за мотивирање на младите за вклучување во граѓански и волонтерски ангажмани. Преку својот професионален ангажман како менаџер за стратешки развој во Националниот младински совет на Македонија директно и индиректно влијае на развојот на повеќе од 3000 млади лица, повеќе од 50 младински организации и креирање, ревизија и унапредување на повеќе од 30 стратешки документи, акциски планови, законски решенија и документи за јавни политики. 

Своето формално образование Александра го стекнува на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет Скопје. 



Проектен менаџмент
Лица со попреченост
Социјална инклузија
Млади
Граѓански активизам

МАЈЛИНДА ЧИЛАФИ

Управител и ментор

cilafimajlinda@gmail.com

Мајлинда Чилафи е страсна активистка за зајакнување на младите, човекови права, и управител на стартап компанија. 

Мајлинда е активна во граѓанскиот сектор на Р.С. Македонија повеќе од 7 години. 

Активизмот во овој сектор го започнала на млада возраст од 16 години како претседател на НВО за студенти и нејзиниот фокус бил на личниот раст и развој, младинскиот активизам и социјалната еднаквост, со цел да им обезбеди простор на младите да напредуваат, да ги мотивира и охрабрува да станете дел од младинскиот активизам како движечка сила во трансформацијата на заедницата. 

Нејзината страст за социјално претприемништво ја наведе да стане извршен директор на сопствената стартап технолошка компанија, со бизнис модел дизајниран да создаде позитивно социјално влијание, особено за младите луѓе. 

Мајлинда го стекна своето формално образование на Економскиот факултет во Скопје, а моментално е на магистерски студии на Факултетот за компјутерски науки и инженерство. Таа е посветена да направи разлика во животот на младите луѓе и е вистинска инспирација за оние кои сакаат да создадат позитивни општествени промени.