ЗАПОЗНАЈ ГИ МЕНТОРИТЕ

Хидроенергетика

Пречистување на отпадни води

Менторирање

Градење политики

ЗОРАН МАРКОВ

Универзитетски професор по машинство

zoran.markov@mf.edu.mk

Зоран е професор на Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје од обласатите на хидроенергетика и заштита на води од загадување, со преку 23 години искуство во настава.

Вклучен е во креирање и развивање на студиски програми на додипломски, магистерски докторски студии. Автор е на преку 60 научни и стручни трудови во земјата и светот и раководител и учесник на преку 40 проекти од неговата област на истражување, но и од пошироката општествена сфера на интерес.

Учествува во градење на политиките од областа на водите преку градење на капацитети и во невладиниот сектор.

Член е на неколку меѓународни алумни мрежи и организации, но и стручни асоцијации како: Macedonian American Alumni Association, Konrad Adenauer Stiftung, Комора на овластени инженери и архитекти, Здружение на енергетичари.

Покрај ова, Зоран е и меѓународен тениски судија со искуство на големи натпревари како Вимблдон.

Адвокатура

Заштита на водите
Заштита на животната средина
Истражување
Планинарење

ЕВГЕНИЈА КРСТЕВСКА

Адвокатка
evgenija.krstevska@yahoo.com

Евгенија потекнува од Прилеп, каде што ја започнува својата професионална дејност во адвокатурата во 2016 година. Подоцна се запишува на докторски студии од областа на заштата на водите.

Во рамките на Global Shapers Skopje Hub ја води иницијативата за имплементација на правото на вода и санитација како основно човеково право во Уставот на Република Северна Македонија наречена ” Water4changes”.

Своето професионално искуство го гради преку соработка со меѓународни и национални невладини организации, како и локалните заедници во заштитата на животната средина.

Била говорничка, обучувачка и менторка во областите на заштитата на човековите права, учеството на јавноста во одлучувањето, младинскиот активизам, анти-корупцијата и еколошката правда.

Во слободно време често планинари и ја промовира убавината на македонската природа преку фотографирање.

Еко-активизам
Лидесртво за млади
Одржлив развој
Проектен менаџмент
Одржливо управување со УНЕСКО региони

КАТЕРИНА ВАСИЛЕСКА

Едукатор
katerina.vasileska@gmail.com

Катерина е проектен менаџер, ментор, обучувач и граѓански активист со 17 години искуство во југозападниот регион во Македонија.

Нејзин најголем успех во сфера на младиско обучување бил основање на Лидерска академија за девојки, која подоцна беше прогласена за најуспешен проект во мрежата на професионални жени – Сороптимист и годинава ќе го има своето 8 издание.

Екологијата и заштитата на UNESCO регионот е сектор во кој е многу активна преку иницијативата ОхридSOS.

Во нејзината кариера била дел основањето на шест граѓански организации, менторирање на 20 грасрут организации.

Учествувала во 50 проекти, каде се организирале преку 150 настани(обуки, кампањи, изложби, претстави, кампови) поврзани со младите.

Член е на неколку меѓународни алумни мрежи и организации како: MASHAV, Macedonian American Alumni Association.

Катерина има магистрирано на Универзитетот во Болоња и центар за Постдипломски студии на Сараево, во областа на политичките науки.

 

Професионално искуство

Развој на претприемништво

Социјално претприемништво

Менторирање

БИЛЈАНА РАДОЊАНИН

Економист
biljana.radonjanin@gmail.com

Билјана Радоњанин, менаџер и ко-сопственик на е-продавницата „Ексквизит“, Дипломиран економист со повеќегодишно искуство во делот на ПР, маркетинг и продажба; говорник на „Global Entrepreneurship Week“, на Недела на претприемништвото, како и обучувач во областа на е-трговија. Поддржувач на развојот на претприемништвото со одржани обуки на 300 студенти и невработени за започнување и развој на нивната бизнис идеја. Поддржувач на градењето на екосистемот за социјално претприемништво преку менторска поддршка на постоечките социјални претпријатија во земјава.

Едукатор и обучувач при Германско-Македонската комора и Стопанската комора на Македонија во областа на истражување на пазар, позиционирање на пазарот, е-трговија, дигитален маркетинг и внатрешен и надворешен ПР.

Позитивна, фокусирана и насочена кон континуирано учење и професионален развој.

Член на Управниот одбор на Метаморфозис, Фондација за Интернет и општество, Член на Управен одбор на Здружението на жени претприемачи, член на Мрежата МИР фондација за жени претприемачи и долгогодишен член и поддржувач на Првата Детска Амбасада во Светот „Меѓаши“

Развој на продукт

Климаткси промени

Развој на едукативни алатки

Проектен менаџмент

Енергетска ефикасност

Социјално претприемништво

ЈАСМИНА ПИСЛЕВИЌ

Продукт менаџер
jasmina@living-globally.com

Јасмина е машински инженер за одржлива енергија и заштита на животна средина, едукатор во истата област како и одговорна за развој и имплементација на нови продукти со преку 10 години искуство во сектор за одржлив развој и заштита на животна средина на национално и меѓународно ниво.

Својот интерес го насочува во развој на одржливи решенија, енергетска ефикасност и едукативни алатки за намалување на влијанието врз животната средина и ублажување на климатските промени. До сега, има креирано сопствен продукт за интерактивно учење за влијанието на климатските промени, а е дел од тимови за креирање на различни иновативни продкути од областа на едукација и од областа на софтверско инженерство.

Алумни стипендист е на Германската федерална организација за заштита на животна средина, Карлсруе Универзитетот за Технологија, Норвешкиот Универзитет за Наука и Технологија, Конрад Аденауер Фондација и Британската амбасада во Србија. Како и добитник на неколку признанија за придонес зо заштита на животна средина.

Јасмина има магистрирано на Норвешкиот Универзитет за Наука и Технологија и дипломирано на Машинскиот Факултет Скопје, при УКИМ.