Тимот Cinco estrellas од Скопје ќе создадат мобилна стаклена градина. Стаклената градина ќе има способности да измери количина на вода во почвата, влажност во стаклената градина и температура во стаклената градина.
Тимот Terra Madre од Скопје ќе произведуваат биохумус преку легла на калифорниски црви и користење на арско ѓубриво и растителни отпадоци. Биохумусот ќе биде употребуван за одгледување на различни култури кои ја прочистуваат почвата.
Тимот Pest-Free Soil од Делчево ќе конструираат автоматска машина за прочистување на почвата преку нејзино печење и уништување на штетните метали.
Тимот K.I.A.T.S. – Kick It At The Source од Кочани ќе направат пренослив уред со сензори за детекција на метали во отпадни води кои ја загадуваат почвата. Уредите ќе бидат поставени на 3 локации во Кочани и ќе бидат поврзани со мобилна апликација изработена од ученици.
Тимот Широк Сокак од Битола ќе подигнат органска градина за одгледување на зачински и лековити билки. Билките потоа ќе бидат искористени за производство на чаеви.