ЗАПОЗНАЈ ГИ ПОБЕДНИЧКИТЕ ТИМОВИ

СУГС Владо тасевски

скопје

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

FilterVT е 100% еколошко решение за прочистување на воздухот и претставува економичен и ефикасен прочистувач кој ќе има 4 степено филтрирање на воздухот составено од јонизатор,активен јаглен,хепа филтер и силика одвлажнувач, се со цел да се добие 99.97% чист воздух. Преку употреба на FilterVT се насочуваме кон справување со металните честички кои се ослободуваат во работилниците во нашето училиште, но и со бактериите, вирусите, ПМ честичките, влагата и непријатните миризби.

СОУ ГОСТИВАР

Гостивар

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Средношколците од СОУ „Гостивар“ ќе креираат мобилен прочисутвач на воздух за надворешна и внатрешна употреба, кој ќе се употребува на училишниот терен за време на часовите по спорт, но и во самите училници за време на часовите. Прочистувачот ќе се напојува на соларна енергија и нема да биде зависен од електрична енергија.

СОУ Љупчо Сантов

кочани

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Тимот од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани ќе развие прочистувач на воздух кој работи врз база на природни филтри изработени од мов, лушпи од ориз и црн јаглен. Сите партикули од загадениот воздух се прилепуваат за слоевите од нашите претходно имплементирани 3 природни филтри и на самиот крај ни испушта прочистен воздух од излезната комора.

СОУ Орде Чопела

прилеп

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Средношколците од СОУ „Орде Чопеча“ од Прилеп ќе креираат „паметен еко панел“  во форма на вертикална градина составена од растенија кои имаат својства за ефикасно прочистување на воздухот. Паметниот еко панел ќе има двојно својство, односно како прочистувач на воздухот, но и прочистувач на почвата од тешки метали

СОУ 28 ноемрви

дебар

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Тимот од СОУ „28 ноември“ ќе тестира четири различни методи на прочистување на воздухот во нивното училиште. Учениците ќе ги мерат и објавуваат резултатите постигнати со секој од четирите методи на прочистување и ќе направат проценки за ефикасноста на секој од четирите методи.