Повик за средношколци за развој на социјални иновации

Кои се предизвиците со кои се соочува твоето училиште и твојата локална средина?
Каква социјална иновација би предложил за прилагодување кон климатските промени во сектор ВОДА?
Собери тим од 5 соученици, опиши го проблемот/предизвикот поврзан со водата и аплицирај за награда од 120000 денари.

UpShift е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и зелената одржливост. Преку програмата учениците ќе имаат можност да стекнат:

pencil

Вештини и компетенции за социјални иновации

practice

Практична примена на вештините во реализација на социјална иницијатива

networking

Посилна врска и одговорност кон локалната заедница

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМА?

ФАЗА 1 – Дефинирање на проблем/предизвик, со можно предлог решение и аплицирање (март)
ФАЗА 2 – UpShift Bootcamp (14-16 април, Струга)

Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120000 денари за имплементација на решението.

фаза 3 - Промоција и активности во заедницата (мај)

5-те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата и прибирање на средства.

ФАЗА 4 – Имплементација на социјалните иницијативи (мај-јули 2022)

Со помош на назначен ментор 5-те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

ВОДА – тематски опис

Претставувајќи го вториот од четирите класични елементи на природата (воздух, вода, почва и оган), водата и нејзината чистота ќе бидат во фокусот на првиот циклус на програмата UPSHIFT. Дополнително, овој циклус ќе го одбележи 22 март, Светскиот ден на водата.

Според науката, водата е рангирана на второ место по кислородот како неопходна за живот. Поконкретно, чистата вода е важна за многу работи, вклучително и суштински ресурс за човекот, но и обезбедува услови за живот за милиони видови, а е и важен климатски регулатор. Чистата вода и санитарните услови се препознаени и како цел број 6 во рамки на целите за одржлив развој на Обединетите нации.

Сепак, сè уште се соочуваме со многу предизвици поврзани со чистотата на водата, пристапот до чиста вода и преголемо искористување на чистата вода.

Во рамките на овој циклус, од средношколските тимови ќе биде побарано да достават проблеми/предизвици поврзани за користење на потенцијалот на водата за подобрување на животната средина и квалитетот на животот, вклучувајќи:

Предизвици/проблеми и решенија насочени кон подобрување на квалитетот на водата
Предизвици/проблеми и решенија насочени кон подобрување на пристапот до чиста вода
Предизвици/проблеми и решенија насочени кон прочистување на водните тела и спречување на загадувањето
Предизвици/проблеми и решенија насочени кон одговорно користење на водата и водните ресурси (реките, езерата)
Други предизвици и решенија поврзани со водата и водните ресурси во насока на климатски промени и заштитата на животната средина

Дополнително, подолу споделуваме неколку публикации и истражувања кои можете да ги искористите за инспирација за опис на вашите проблеми и предизвици.

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА

Повикот е отворен за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.

Секој тим мора да биде составен од 5 члена од кои најмногу 3 члена можат да бидат од ист пол. Тимовите силно се охрабруваат да вклучат ученици од маргинализираните групи (ученици од социјално загрозени семејства, ученици со попречености и сл.)

Дополнително секој тим треба да назначи еден одговорен наставник.

Два и повеќе тима од исто училиште е возможно да аплицираат само доколку:

Сите членови на тимот се различни

Проблемот/предизвикот кој е идентификуван е различен

Одговорниот наставник е различен

Аплицирање се врши со пополнување на апликациската форма на следниот ЛИНК најдоцна до 03.04.2022.

Од пристигнатите апликации, ќе бидат селектирани 10 финалисти врз основа на следните критериуми:

1. Потреба – најмногу 10 поени

Колкава е потребата за поддршка за изнесениот предизвик/проблем во рамки на училиштето и локалната заедница?

2. Степен на влијание – најмногу 10 поени

Какво влијание може да се направи во рамки на училиштето и локалната заедница доколку се реши предизвикот/проблемот?

3. Јасност и концизност – најмногу 10 поени

Колку напишаната апликација е јасно презентирана и разбирлива?

Во рамки на овој повик за социјални иницијативи, тимот на LEAD ќе организира онлајн информативна сесија која ќе одржи на 21 март (понеделник) од 14.00ч. На неа можат да учествуваат сите заинтересирани учениците, наставници и училишта. За да се пријавите за учество на сесијата потребно е да се регистрирате на следниот ЛИНК.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ОТКАКО ЌЕ БИДАТ СЕЛЕКТИРАНИ ФИНАЛИСТИТЕ?

По избирањето на 5те победнички тима, истите започнуваат со реализација на нивното решение. Предложеното решение треба да може да се имплементира во период од 3-4 месеци.

Во текот на реализицијата покрај финансиските средства од 120000 денари, тимовите ќе добијат поддршка од ментори кои ќе бидат назначени од програмата и ќе помогнат на тимовите во реализација на социјалната иницијатива.

Програмата ќе стави посебен фокус на одржливоста на самите иницијативи во рамки на училиштата.

СЛЕДНИ UPSHIFT ЦИКЛУСИ

UPSHIFT програмата ќе содржи 5 циклуси, во наредните 18 месеци поделени во 5 тематски области и тоа:

water
ВОДА

(март-јули 2022)

wind
ВОЗДУХ

(август-декември 2022)

plant
ПОЧВА

(декември 2022-март 2023)

project-management
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

(јануари-јуни 2023)

flame
оган

(март-јули 2023)

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Имаме претстава за проблемот/предизвикот, но не сме сигурни како јасно да го претставиме?

-За разработка на проблемот/предизвикот препорачуваме да ја користите алатката Дрво на проблеми. На следниот ЛИНК споделуваме пример од истата.

2. Тимот од моето училиште веќе има подготовено решение за одреден предизвик, дали може да го аплицираме истото?

– Во првата фаза – дефинирање на проблем/предизвик и аплицирање клучно е јасно дефинирање на проблемот/предизвикот. Иако не е задолжително сепак можете да предложите и предлог решение. На решението ќе имате можност да работите подоцна доколку бидете избрани за финалисти.

3. Дали можеме да ги замениме членовите на тимот доколку ја добиеме наградата?

– Членовите на тимот мораат да биде истите со кои самиот тим аплицирал.

4. Каква е улогата на наставникот во целиот процес?

-Наставниците играат клучна улога во поттикнување на претприемничкиот дух кај учениците. Нивната улога во целиот процес е да ги мотивираат учениците но и да го пренесат знаењето од проектот во рамки на своите училишта. Исто така наставниците ќе играат важна улога во обезебедување на одржливоста на самата социјална иницијатива во рамки на училиштето.

5. Доколку се појави можност, дали може да се обезбедат дополнителни средства за самата иницијатива?

-Тимовите се охрабруваат да обезбедат повеќе средства за реализација на иницијативата.

6. Доколку аплицираме на еден циклус и сме одбиени, дали имаме можност да аплицираме повторно?

-Секако. Училиштата и средношколците се поттикнуваат да аплицираат за оние циклуси за кои сметаат дека постои потреба и проблем.

Доколку имате дополнителни прашања слободно можете да се обратите на info@lead.org.mk.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.