Проект: Извор Миладиновци
СУГС „Браќа Миладиновци“-Скопје
Опис на предизвик
Училиштето се протега на површина од околу 14.400 м2 ; од кои 5.300 м2 (37%) се објекти и бетонски површини, а 9.100 м2 (63%) отпаѓаат на зелени површини. Едно од ретките училишта во Европа која има своја мини зоолошка градина. Одржувањето на ваквите површини бара многу вода. Училиштетот годишно троши 5.700 м3 питка вода од централен градски водовод за наводнување и напојување.
Опис на решение
Ќе работи на намалување на потрошувачката на питка вода, за наводнување и одржување на училишниот двор и зоолошката градина преку возобновување на училишниот бунар.
1. Инсталација на цевковод до дворот и до поилникот, каде ќе се инсталираат електронски поилки;
2. Изградба на систем капка-по-капка за градинарските насади;
3. Изградба на транспарентна мини прочистителна станица за вода од природни материјали.
Проект: Water Power
СОУ „Орде Чопела“- Прилеп
Опис на предизвик
Училиштето располага со простор на кој порано постоел мини овоштарник и кој моментално е запуштен поради немањето на соодветен систем за наводнување. Поради ова, капацитетот за практична настава но и потенцијалот за искористување на насадите е значително намален.
Опис на решение
Собирање и искористување на дождовницата во надземни контејнери кои ќе ги користат за полевање на сопствените овошни насади во училишниот двор. Целиот систем ќе биде напојуван од сончеви панели. Системот ќе се содржи од:
1. Собирен систем на водата од покривот на училиштето;
2. Резервоар за складирање на водата;
3. Филтри за прочистување;
4. Хидрофор кој со електрична енергија бои се напојувал од фотоволтаичната мини централа.
Проект: ВОДА
СУГС „Владо Тасевски“- Скопје
Опис на предизвик
Во Скопје просечните годишни врнежи во 2020 година биле околу 600 мм, па од кров со 100 m2 може просечно да се соберат 60 000 l вода. Имајќи го ова во предвид учениците на Владо Тасевски сакаат да ја намалат употребата на питката вода за наводнување на површините околу училиштето.
Опис на решение
Собирање и искористување на дождовницата во подземни контејнери кои ќе ги користат за полевање на сопствените насади во училишниот двор. Целата опрема која ќе се инсталира би имала и постојана примена во реализацијата на наставниот предмет Хидротехника кој се изучува во училиштето во машинската струка во 2, 3 и 4 година.
Проект: Вода за сите
СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово
Опис на предизвик
Училиштето има сопствена парцела со површина од 1700 м2. и на истата има овошни насади кои ги користи за производство на сопствена линија на продукти и тревна површина која неправилно се наводнува со питка вода. Поради недостаткот на вода за наводнување има послаб квалитет на овошниот насад, слаб род на овошки и сува трева.
Опис на решение
Тимот ќе го истражи и возобнови стариот училишен бунар преку кој ќе обезбеди вода за наводнување во текот на целата година. Покрај тоа ќе биде поставено и:
- Програматор за поливни системи;
- Инфрацрвен термометар со кој се мери температурата на растението, без физички контакт и се покажува дали во даден момент треба да се врши залевање;
- Тензиометар кој ја мери влажноста на почвата и го покажува степенот на влажност, и со тоа ни покажува кога да се залева и кога да се прекине со залевањето на почвата.
Проект: ECO FUTURE
ОСЕУ „8 Септември“- Тетово
Опис на предизвик
Граѓаните на Тетово иако се наоѓаат веднаш до многубројни извори на питка вода, се уште немаат целосен пристап до чиста и питка вода. Поради ова средношколците од Тетово не се во можност секојдневно да имаат на располагање питка вода.
Опис на решение
Тимот на ECO FUTURE сака да постави филтри за прочистување на водата за пиење во нивното училиште и со тоа да го реши проблемот за пристап до питка вода.