ЦИКЛУС 2: Повик за средношколци за развој на еко-решенија за подобрување на квалитетот на ВОЗДУХОТ

Каков е квалитетот на воздухот во твојата општина? Каква социјална иновација младите би предложиле за намалување на загадувањето на ВОЗДУХОТ?

Формирај тим од 5 врсници, опиши го проблемот/предизвикот поврзан со квалитетот на воздухот и аплицирај за награда од 120.000,00 денари за имплементација на иновативното решение.

За повеќе информации за самиот повик приклучи се на информативната онлајн сесија која ќе се одржи на 13.09 од 12.00ч на ЗУМ.

Временска рамка на целиот процес:

Објава на повик и регистрација на информативна сесија2 септември
Информативна сесија и споделување на целосни информации13 септември
Рок за аплицирање9 октомври
Избор на 10 финалисти14 октомври
Работилници за 10 финалисти за структурирање на предизвиците19 октомври
UPSHIFT Bootcamp (Струга) и избор на 5 наградени решенија2-4 ноември