UPSHIFT-ЦИКЛУС 5: Повик за еко-проекти

Кој е предизвикот со кој се соочува твојот град/маало/училиште во делот со водата, воздухот, енергијата или почвата?
Каква ДИГИТАЛНА би предложил за спречување на загадувањето и одговорно користење на водата, воздухот, енергијата и почвата;

Формирај тим од 5 врсници од твојот град, опиши го проблемот/предизвикот поврзан со една од 4-те области, и аплицирај за награда од 120.000,00 денари за имплементација на иновативното дигитално решение.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на младите и локалната заедница за справување со климатските промени и заштита на животната средина. Преку програмата учениците ќе имаат можност да стекнат: 

pencil

Вештини и компетенции за социјални иновации и еколошки решенија

practice

Практична примена на вештините во реализација на социјална иновација

networking

Посилна врска и одговорност кон локалната заедница и граѓаните

consulting

Менторска и експертска поддршка и буџет од 120.000,00 денари да спроведат социјална иницијатива

competitive

Искуство во натреварување со други тимови составени од нивни врсници

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМА?

ФАЗА 1 – Дефинирање на проблем/предизвик, аплицирање и избор на 10 финалисти (март-април)
ФАЗА 2 - Онлајн работилница за развој на предизвици за 10 финалисти (18 април)

Работилницата ќе биде вовед во целата методологија на дизајнерско размислување и секој тим дополнително ќе го разработи својот предизвик.

UpShift Bootcamp за 10 финалисти (25-27 април, Струга)

Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120.000,00 денари за имплементација на решението.

ФАЗА 3 - Имплементација на иновативните иницијативи (мај 2023- јули 2023)

Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива

ФАЗА 4 – Промоција и активности во заедницата (август 2023)

5те победнички тима посетуваат дводневна обука за мобилизација застапување, а дополнително се претставуваат на crowdfunding платформа за дополнителна поддршка од заедницата  и прибирање на средства.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА – тематски опис

Дигитализацијата зема се поголем замав во општеството, особено со појавата на пандемијата поврзана со КОВИД 19 и потребите кои ги наметна истата во насока на полесно поврзување, управување и менаџирање на ресурси.

Па така, дигиталните технологии нудат потенцијал да обезбедат одржливи решенија за многу од навидум нерешливите општествени предизвици поврзани со климатските промени, од кои можеби најголемиот е да се задржи глобалното затоплувањето до максимум 1,5 степени од пред-индустриското ниво на планетата Земја (1880г.).

Сепак, дигиталните технологии, исто така трошат енергија и според тоа, веројатно ќе придонесат  за глобалните емисии и отпад и загадување за време на нивното производство, употреба и застареност. 

Следствено, клучот за успешно искористување на дигиталните технологии како дел од борбата против климатските промени и нејзините ефектите е да се осигура дека разликата помеѓу нивната корист и нивната цена за животната средина се следи внимателно.

 

Во рамките на овој циклус, тимовите составени од средношколци треба да достават ДИГИТАЛНИ решенија за проблеми/предизвици поврзани со ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈАТА или ПОЧВА вклучувајќи:

Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон следење, прочистување и подобрување на квалитетот на водата, воздухот и почвата;
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон следење на потрошувачката на вода и енергија;
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон одговорно користење на водата, воздухот и почвата и енергијата;
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кои не придонесуваат за зголемување на емисиите на CO2 или отпаден материјал;
Други предизвици и решенија поврзани со тематските во насока на климатски промени и заштитата на животната средина.

Дополнително, подолу споделуваме неколку публикации и истражувања кои можете да ги искористите за инспирација за опис на вашите проблеми и предизвици.

ВОДА

ВОЗДУХ

ЕНЕРГИЈА

ПОЧВА

Детален опис на целта за одржлив развој број 6, Чиста вода и санитарни услови на Обединетите нации

Извештај за квалитетот на воздухот во Република Македонија за периодот од 2005-2015

Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година

Специјален извештај за климатските промени и почвата на меѓународниот панел за климатски промени

Проблеми во управувањето со водните ресурси: Како да ја користиме и заштитиме водата

План за чист воздух на Владата на Република Северна Македонија

Долгорочна стратегија за климатска акција, со акциски план

Почва, земја и климатските промени, Европска агенција за животна средина

Водните ресурси и климатските промени

Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија

Климатски цели на Република Северна Македонија – На патот кон Париз 2015 (unfccc.org.mk) 

Почва и користење на земјиште, Министерство за животна средина и просторно планирање

 

Важна напомена: Предложените решенија треба да опфаќаат најмалку една таргет области од 4-те горенаведени.

ШТО Е СОЦИЈАЛНА ИНОВАЦИЈА?

Социјална иновација подразбира развој на нови решенија кои претходно не постоеле за решавање на некој општествен проблем, во случајот предизвици поврзани со ВОДА; ВОЗДУХ; ЕНЕРГИЈА и ПОЧВА. Примери од други области за социјална иновација: 

Пример 1: Ученици во своето училиште забележале дека училиштето трошело питка вода за наводнување на дворните површини. Учениците предложиле да се изгради систем кој би ја собирал водата дождовницa која би се чувала во посебен контејнер и би се користела за наводнување.

Пример 2: Ученици загрижени за големото ниво на загадување низ градовите, решаваат да ги искористат саѓите кои се собираат на филтрите поставени на оџаците, и од нив да направат мастило кое ќе се продава. Потоа, приходот од продажбата ќе биде инвестиран во дополнителни филтри за спречување на загадувањето.

Пример 3: Ученици забележале дека училиштето има вишок на енергија добиена од фоловолтаични панели. За да ја искористат таа енергија смислуваат иновативен начин за нејзино чување во цилиндри од песок за потоа во зимскиот период да бидат искористени како грејни тела за затоплување на просториите во училиштето.

Во рамки на овој циклус бараме дигитални решенија кои можат да се спроведат во рок од 3 месеци и притоа да бидат целосно реализирани или направени од страна на учениците.

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА

Повикот е отворен за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.  Секој тим мора да биде составен од 5 члена од кои најмногу 3 члена можат да бидат од ист пол. Тимовите силно се охрабруваат да вклучат ученици од маргинализираните групи (ученици од социјално загрозени семејства, ученици со попречености и сл.)

Два и повеќе тима од исто училиште е возможно да аплицираат само доколку сите членови на тимовите се различни.

Од пристигнатите апликации, ќе бидат селектирани 10 финалисти врз основа на следните критериуми:

1. Потреба – најмногу 10 поени

Колкава е потребата за поддршка за изнесениот предизвик/проблем во рамки на училиштето?
Ве охрабруваме да истражите и да вметнете податоци за итноста за решавање на проблемот и како истиот влијае негативно. 

2. Степен на влијание – најмногу 10 поени

Какво влијание и разлика може да се направи во рамки на училиштето доколку се реши предизвикот/проблемот?

3. Иновативност и изводливост на решение – најмногу 20 поени

Колку решението е иновативно и истото може да се спроведе од страна на учениците за 120000 денари во рок од 3 месеци?

Аплицирањето се врши со пополнување на апликациска форма достапна на следниот ЛИНК, најдоцна до 02.04.2023.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ОТКАКО ЌЕ БИДАТ СЕЛЕКТИРАНИ ФИНАЛИСТИТЕ?

Од вкупниот број на пристигнати апликации ќе бидат селектирани 10 финалисти кои ќе бидат дел од UPSHIFT Bootcamp-от од 25 до 27 април. Потоа за сите финалисти ќе се организира онлајн подготвителна сесија на 18 април.

На самиот Bootcamp сите 10 тима ќе креираат решенија кои ќе ги претстават пред 3 члена комисија. На крајот, ќе бидат избрани 5 победници.

По избирањето на 5те победнички тима, истите започнуваат со реализација на нивното решение. Предложеното решение треба да може да се имплементира во период од 3 месеци (мај 2023-јули 2023).  Во текот на реализицијата покрај финансиските средства од 120.000,00 денари, тимовите ќе добијат поддршка од ментори кои ќе бидат назначени од програмата и ќе помогнат на тимовите во реализација на социјалната иницијатива. 

Временската рамка на циклусот изгледа вака:

Отворање не повикот- 13 март
Краен рок за аплицирање- до 2 април
Избор на 10 финалисти- до 13 април
Подготвителна онлајн сесија за 10 финалисти- 18 април
UPSHIFT Bootcamp- 25 – 27 април
Реализирање на проектот- мај – јули 2023

претходни и СЛЕДНИ UPSHIFT ЦИКЛУСИ

UPSHIFT програмата ќе содржи 5 циклуси, во наредните 18 месеци поделени во 5 тематски области и тоа:

water
ВОДА

март – јули 2022

wind
ВОЗДУХ

август 2022 –  декември 2023

flame
ЕНЕРГИЈА

декември 2022 –
април 2023

plant
ПОЧВА

јануари – јуни 2023

project-management
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА​

март – јули 2023

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Имаме претстава за проблемот/предизвикот, но не сме сигурни како јасно да го претставиме?

За разработка на проблемот/предизвикот препорачуваме да ја користите алатката Дрво на проблеми. На следниот ЛИНК споделуваме пример од истата.

2. Дали можеме да ги замениме членовите на тимот доколку ја добиеме наградата?

Членовите на тимот мораат да биде истите со кои самиот тим аплицирал.

3. Доколку нашиот тим победи каква улога ќе има менторот?

Менторите ќе играат клучна улога во поттикнување на претприемничкиот дух кај тимовите. Менторите ќе ве поттикнат да и ќе ви помогнат со совети да го реализирате решението со кое сте победиле и да го подобрите доколку е тоа потребно.

4. Доколку се појави можност, дали може да се обезбедат дополнителни средства за самата иницијатива?

Тимовите се охрабруваат да обезбедат повеќе средства за реализација на иницијативата, парични или непарични.

5. Доколку аплицираме на еден циклус и сме одбиени, дали имаме можност да аплицираме повторно?

Секако. Средношколците се поттикнуваат да аплицираат за оние циклуси за кои сметаат дека постои потреба и проблем.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете се на info@lead.org.mk.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.