UPSHIFT-ЦИКЛУС 3 Повик за средношколци да развијат иновативни еко-решенија за ефикасно користење и/или производство на ЕНЕРГИЈА

Каков вид на ЕНЕРГИЈА се користи/троши во твоето училиште?
Како ЕНЕРГИЈАТА која ја користи училиштето влијае на животната средина?
Каква социјална иновација би предложил за ефикасно користење и/или производство на ЕНЕРГИЈА кое нема да влијае негативно на околината?

Формирај тим од 5 врсници од твојот град, опиши го проблемот/предизвикот поврзан со енергијата и аплицирај за награда од 120.000,00 денари за имплементација на иновативното решение.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на младите и локалната заедница за справување со климатските промени и заштита на животната средина. Преку програмата учениците ќе имаат можност да стекнат:

pencil

Вештини и компетенции за социјални иновации и еколошки решенија

practice

Практична примена на вештините во реализација на социјална иновација

networking

Посилна врска и одговорност кон локалната заедница и граѓаните

consulting

Менторска и експертска поддршка и буџет од 120.000,00 денари да спроведат социјална иницијатива

competitive

Искуство во натреварување со други тимови составени од нивни врсници

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМА?

ФАЗА 1 – Дефинирање на проблем/предизвик, аплицирање и избор на 10 финалисти (ноември)
ФАЗА 2 - Онлајн работилница за развој на предизвици за 10 финалисти (13 декември)

Работилницата ќе биде вовед во целата методологија на дизајнерско размислување и секој тим дополнително ќе го разработи својот предизвик.

ФАЗА 3 - UpShift Bootcamp за 10 финалисти (19 - 21 декември, Струга)

Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120.000,00 денари за имплементација на решението.

ФАЗА 4 – Промоција и активности во заедницата (февруари 2023)

5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата  и прибирање на средства.

ФАЗА 5 - Имплементација на социјалните иницијативи (јануари 2023- април 2023)

Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

ЕНЕРГИЈА – тематски опис

ЕНЕРГИЈАТА, нејзиното искористување и пристапот до алтернативни ресурси за енергија кај средните училишта ќе бидат во фокусот на вториот циклус на програмата UPSHIFT.

Енергијата е клучен ресурс и двигател на општеството во кое живееме. Без енергијата нема движење, а без движење нема напредок. Моменталниот енергетски систем се базира на фосилни горива (нафта, јаглен, гас) и е најголем причинител за емисии на стакленички гасови (јаглерод диоксид, метан, озон итн.) кои ги предизвикуваат климатските промени и глобалното затоплување. Тековната 2022 година се покажа како особено тешка година каде цените на енергенсите (горивото и струјата) нагло пораснаа како резултат од Рускиот напад на Украина и санкциите наметнати кон извозот на руската нафта и гас.

Поради тоа, речиси сите земји во светот и Европа се соочуваат или со недостатоци на енергенси или со високи цени на енергијата. Северна Македонија не е исклучок од ова сценарио чиј енергетски систем воглавно се заснова на термо-електрани (јаглен) и хидро-елекрани (вода) за енергија. Основата на енергетскиот систем во комбинација со глобалните гео-политички случувања упатуваат на тоа дека во текот на престојниот зимски период, односно за време на грејната сезона се очекуваат:

  • зголемени сметки за струја, гас и нафта,
  • можни рестрикции на струја,
  • прекин на учебната година во зимските месеци и нејзиното пролонгирање низ летните месеци
  • зголемено загадување поради неможноста на сиромашните семејства да се греат притоа ќе користат различни енергенси (отпад, јаглен и слично)
  • зголемени емисии на јаглерод диоксид кои влијаат врз климатските промени поради продолжено искористување на фосилните горива (јаглен, нафта, гас)

Во рамките на овој циклус, тимовите составени од средношколци треба да достават проблеми/предизвици поврзани со ЕНЕРГИЈАТА вклучувајќи:

Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон користење на енергенси кои не се штетни за животната средина,
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон иновативни начини за заштеда на енергија,
Предизвици/проблеми и предлог решенија кои се насочени кон искористување на обновливи извори на енергија на иновативен начин
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон одговорно користење на енергијата
Други предизвици и решенија поврзани со енергијата

Дополнително, подолу споделуваме неколку публикации и истражувања кои можете да ги искористите за инспирација за опис на вашите проблеми и предизвици.

ШТО Е СОЦИЈАЛНА ИНОВАЦИЈА?

Социјална иновација подразбира развој на нови решенија кои претходно не постоеле за решавање на некој општествен проблем, во случајот ЕНЕРГИЈАТА.

Пример: Ученици во своето училиште забележале дека училиштето трошело питка вода за наводнување на дворните површини. Учениците предложиле да се изгради систем кој би ја собирал водата дождовницa која би се чувала во посебен контејнер и би се користела за наводнување.

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА

Повикот е отворен за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.

Секој тим мора да биде составен од 5 члена од кои најмногу 3 члена можат да бидат од ист пол. Тимовите силно се охрабруваат да вклучат ученици од маргинализираните групи (ученици од социјално загрозени семејства, ученици со попречености и сл.)

Два и повеќе тима од исто училиште е возможно да аплицираат само доколку сите членови на тимовите се различни.

Од пристигнатите апликации, ќе бидат селектирани 10 финалисти врз основа на следните критериуми:

1. Потреба – најмногу 10 поени

Колкава е потребата за поддршка за изнесениот предизвик/проблем во рамки на училиштето?

Ве охрабруваме да истражите и да вметнете податоци за итноста за решавање на проблемот и како истиот влијае негативно

2. Степен на влијание – најмногу 10 поени

Какво влијание и разлика може да се направи во рамки на училиштето доколку се реши предизвикот/проблемот?

3. Иновативност и изводливост на решение – најмногу 20 поени

Колку решението е иновативно и истото може да се спроведе за 120000 денари во рок од 4 месеци?

Аплицирање се врши со пополнување на апликациската форма на следниот ЛИНК најдоцна до 30.11.2022.

Сесија за информирање за повикот ќе се одржи на 15.11.2022 од 12.00ч. на платформата ЗУМ. Регистрирај се за сесијата на следниот ЛИНК.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ОТКАКО ЌЕ БИДАТ СЕЛЕКТИРАНИ ФИНАЛИСТИТЕ?

Од вкупниот број на пристигнати апликации ќе бидат селектирани 10 финалисти кои ќе бидат дел од UPSHIFT Bootcamp-от од 19 до 21 декември.

На самиот Bootcamp сите 10 тима ќе креираат решенија кои ќе ги претстават пред 3 члена комисија. На крајот, ќе бидат избрани 5 победници.

По избирањето на 5те победнички тима, истите започнуваат со реализација на нивното решение. Предложеното решение треба да може да се имплементира во период од 3-4 месеци (јануари 2023-април 2023).  Во текот на реализицијата покрај финансиските средства од 120.000,00 денари, тимовите ќе добијат поддршка од ментори кои ќе бидат назначени од програмата и ќе помогнат на тимовите во реализација на социјалната иницијатива.

Временската рамка на циклусот изгледа вака:

Отворање не повикот- 8 ноември
Онлајн инфо сесија за повикот- 15 ноември
Краен рок за аплицирање- до 30 ноември
Избор на 10 финалисти- до 9 декември
Подготвителна онлајн сесија за 10 финалисти- 13 декември
UPSHIFT Bootcamp- 19-21 декември
Реализирање на проектот- јануари – април 2023

претходни и СЛЕДНИ UPSHIFT ЦИКЛУСИ

UPSHIFT програмата ќе содржи 5 циклуси, во наредните 18 месеци поделени во 5 тематски области и тоа:

water
ВОДА

март – јули 2022

wind
ВОЗДУХ

август 2022 –  декември 2023

flame
ЕНЕРГИЈА

декември 2022 –
април 2023

plant
ПОЧВА

јануари – јуни 2023

project-management
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА​

март – јули 2023

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Имаме претстава за проблемот/предизвикот, но не сме сигурни како јасно да го претставиме?

За разработка на проблемот/предизвикот препорачуваме да ја користите алатката Дрво на проблеми. На следниот ЛИНК споделуваме пример од истата.

2. Тим од моето училиште веќе подготви решение за одреден предизвик, дали можеме да го примениме истото?

Во првата фаза – дефинирање на проблемот/предизвикот и неговата примена, од суштинско значење е јасно да се дефинира проблемот/предизвикот. Иако не е задолжително, можете да предложите предлог решение. Подоцна ќе имате можност да работите на решението доколку бидете избрани за финалист.

3. Дали можеме да ги замениме членовите на тимот доколку ја добиеме наградата?

Членовите на тимот мораат да биде истите со кои самиот тим аплицирал.

4. Доколку нашиот тим победи каква улога ќе има менторот?

Менторите ќе играат клучна улога во поттикнување на претприемничкиот дух кај тимовите. Менторите ќе ве поттикнат да и ќе ви помогнат со совети да го реализирате решението со кое сте победиле и да го подобрите доколку е тоа потребно.

5. Доколку се појави можност, дали може да се обезбедат дополнителни средства за самата иницијатива?

Тимовите се охрабруваат да обезбедат повеќе средства за реализација на иницијативата, парични или непарични.

6. Доколку аплицираме на еден циклус и сме одбиени, дали имаме можност да аплицираме повторно?

Секако. Средношколците се поттикнуваат да аплицираат за оние циклуси за кои сметаат дека постои потреба и проблем.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.