Тимот од Алгоритам ќе развие трислојна филтер рамка која се поставува на прозорите во училниците и заштитува од навлегување на штетни материи од воздухот кој влегува во училницата, но и ја намалува бучавата предизвиката од сообраќајот на булеварот пред училиштето.
Средношколскиот тим од ова училиште ќе креира мултифункционален прочистувач на воздухот напојуван од обновливи извори, односно, преку соларни панели ќе ја црпи енергијата од сончевите зраци, а преку мини ветерници ќе ја црпи енергијата креирана од ветрот.
Средношколците од овој тим ќе развијат прочистувач кој функционира преку процес на фотокатаклиза. Прочистувачот претставува базен исполнет со 15% раствор на титан диоксид, кој преку процес на фотокатаклиза ќе ги разградува штетните гасови и ќе го прочистува воздухот.
Тимот од ова училиште ќе креира прочистувач на воздухот кој се поставува на отворено и се напојува на сончева енергија. Прочистувачот има сончев панел кој се користи како извор на енергија за да се предвижува вентилаторот кој го изнесува прочистениот воздух од филтрите.
За справување со предизвикот, овој тим ќе креира интегриран систем од воздушен филтратор и звучен изолатор наменет за училиштето, кој претставува хомогена микропорозна смеса од полиуретанска пена, пченичен скроб, титан диоксид, активен јаглен и перлит подлога.