ЗАПОЗНАЈ ГИ МЕНТОРИТЕ

Проектен менаџмент
Лица со попреченост
МЛАДИ
Социјална инклузија
Граѓански активизам

НИКОЛА ИВАНОВСКИ

Проектен менаџер и ментор

nikola_ivanovski@yahoo.com

Никола е проектен менаџер, фасилитатор и обучувач со фокус на работата на  младите и лица со попреченост веќе 6 години.Има учествувано во повеќе од 10 младинсски неформални  иницијативи на локално ниво и меѓународно но и како ментор на 4 иницијативи. 

Моментално работи во People in Need на проект за деинституционализација на лица со интелектуална попреченост од Специјалниот завод Демир Капија  и нивна инклузија во општеството.  

Работи на застапување на младите и е дел и од управниот одбор на Нацеионалниот младински совет на Македонија. Бил дел од управниот одбор на Сојуз за младинска работа и извршната канцеларија на Младите можат.

Со својата работа, има придонесено за подобрување на положбата на повеќе 75 лица со интелектуална попреченост, неформлано образование на повеќе од 1000 млади и придонесено во работата на 5 младински организации во Северна Македонија

Силно верува дека младите се не само иднината туку и сегашноста.

Intercultural competence
Understanding and facilitating learning processes
Cooperating successfully in teams
Designing educational programmes
Learning to learn

Стефанија Змијанац

Проектна координаторка и менторка

 

zmijanac@crpm.org.mk

Стефанија Змијанац е проектна координаторка, младинска работничка и едукаторка со над десет години активно учество во граѓанскиот сектор.

Во 2020 година дипломира на Европскиот универзитет во Фленсбург, Германија. Како дел од нејзиното образование исто така има завршено еден семестар на факултетот за Комуникациски студии во Лисабон, Португалија.

Стефанија во рамките на програмата за волонтирање, помина една година во Хале, Германија, а како едукаторка, успешно го заврши тренингот за тренери во Бремен.

Посветеноста кон унапредување на младинската работа е потврдена и преку нејзиното искуство во Ерасмус+ програмата, особено на проекти од КА1 и КА2.

Во моментов, Стефанија работи како проектна координаторка на програма за млади во Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП). Таа води проект „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“ кој вклучува девет општини, пет младински организации и над 360 млади низ целата држава, со цел да се поттикне активно учество и развој на младите во општеството.

Младинска работа и менторство
Проектен менаџмент
Истражување и анализа
Маркетинг и презентациски вештини
Неформално образование

Георги Божиновски

Младински Ментор

Георги е дипломиран новинар, дебатен тренер, и младински ментор со фокус на средношколци и млади од различни позадини. Дел е од младинскиот сектор веќе 6 години и има учествувано во повеќе средношколски и студентски движења.

Во својата кариера работел како програмски координатор во Младински Образовен Форум, маркетинг асистент и новинар. Бил член на првото Универзитетско Студентско Собрание, постаувајќи ги темелите на модерното студентско движење во државата. Во своето слободно време работи со млади на тинејџерска возраст, развивајќи ги нивните презентациски способности, вештини за јавно говорење и анализа.

Со својата работа помогнал во подобрување на политичката положба на средншоколците и студентите преку реализација на бројни младиннски проекти, реевалуација на Законот за Млади, како и во професионалнот развој на повеќе од 100 средношколци преку директно менторство.

Советување
Ефективна комуникација
Емоционална регулација
Организациски менаџмент во пракса
Меѓучовечки односи

Билјана Филиповска

Телесно ориентиран психотерапевт, фасилитатор 

telesnoterapiska.praksa@gmail.com

Биљана од 2022 работи како телесно ориентиран психотерапевт (според Вилхем Рајх и едукација во Центарот за интегративен развој од Загреб), каде моментално е на постдипломски студии. Паралелно е и во едукација за Somatic Experiencing (метод на Piter Levine) за работа со траума и нервен систем. Инаку е општ психолог и работи со клиенти во индивидуален сетинг и во мали групи.

Голема страст и е танцот (свесен танц) кој го практикува од 2015 и праксите од свесен танц ги внесува во својата работа со клиенти.

“Страст за себе” е опис кој ја прати за доживувањето за нејзиниот пристап. Го истражува индивидуалното кон колективното, и од колективното кон индивидуалното поле – влијанието на опкружувањето со цел лична интеграција и автентичен себе израз во даден контекст и релациска поврзаност. Кога не работи, Биљана е најчесто на планина или во својата градина во Горно Нерези.

Во кариерата пред оваа, работеше во бизнис консултанството кога имаше бројни размени и искуства со разни проектни тимови. Има MBA од Hellenic American University во Атина, каде и работеше краток период (2 години) во економскиот оддел на Македонската канцеларија за врски во Атина. 

Проектен менаџмент
Лица со попреченост
Социјална инклузија
Млади
Граѓански активизам

Ардонит Исмаили

Проектен Координатор

аrdonit@maksway.com

Ардонит Исмаили е посветен застапник за зајакнување на заедницата и одржлив развој, со страст за поттикнување меѓуетничка соработка и демократски ангажман. Дипломиран по политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа, Ардонит беше признат како еден од најистакнатите студенти на својата генерација. Понатаму ги продолжи своите академски интереси со завршување на магистерски студии по Дипломатски Студии.

Во 2023 година, Ардонит успешно дипломира на Претседателската школа за политичко образование под покровителство на Претседателството на Северна Македонија, каде што ги усоврши своите вештини за политичка анализа, стратешко размислување и ефективна комуникација. Како добитник на стипендијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија, Ардонит е активно вклучен во промовирањето на демократските вредности и иницијативите за развој на заедницата.

Професионалнот развој на Ардонит е обележано со посветеност на ангажманот и лидерството од грасрут во различни невладини и меѓународни организации. Имено, во Центарот за образование и развој (ЦЕД) во Тетово, тој ги предводеше проектите насочени кон зајакнување на младите и жените од руралните средини, поттикнување на меѓуетничкиот дијалог и промовирање на претприемништвото во националните паркови. Дополнително, неговата улога како мобилизатор на заедницата во Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) вклучуваше водечки иницијативи за вклучување на младите во демократијата и обезбедување изборна транспарентност.