ПОВИК ЗА МЕНТОРИ ЗА СРЕДНОШКОЛСКИ ТИМОВИ

LEAD во рамки на програмата UPSHIFT има потреба од ангажирање на 5 ментори кои ќе помогнат во реализација на 5 иновативни социјални иницијативи поврзани со прилагодување кон климатските промени во секторот ВОДА.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина.

Првиот циклус ќе биде  реализиран од март до јули 2022 и ќе биде посветен  за развој на социјални иновации за прилагодување кон климатските промени во сектор ВОДА. Целосниот повик е достапен на следниот ЛИНК. Повикот на албански јазик е достапен на следниот ЛИНК.

Преку програмата UPSHIFT, ќе бидат селектирани 10 финалисти, од кои ќе бидат избрани 5 победнички решенија кои ќе добијат поддршка за реализација на решението од 120000 денари.

ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕНТОРСКИОТ АНГАЖМАН

Ангажманот на менторите ќе биде во насока на помагање на средношколските тимови за:

1. Структурирање на решението поврзано со водата и негово претставување за време на UPSHIFT Bootcamp od 14 до 16 април во Струга.

2. Реализација на 5те социјални иницијативи во период од мај до јули. Секој ментор ќе работи со по една група на реализација на иницијативата на групата.

Работните задачи на менторите ќе опфаќаат:

1. Присуство на UPSHIFT Bootcamp од 14-16 април во Струга. Секој избран ментор ќе биде назначен на 2 средношколски тима (секој тим ќе биде составен од 5 члена) со кои ќе работи на подготвување на решението и негово претставување (pitching) пред жири комисијата.

2. Организацијата и реализирање на најмалку 6 менторски состаноци во периодот од мај до јули 2022 за имплементација на социјалните иновации. Секој ментор ќе биде назначен за еден победнички средношколски тим.

3. Редовно комуницирање со еден победнички тим и навремен фидбек за тимот во периодот од мај до јули 2022.

4. Редовно известување на програмскиот координатор на UPSHIFT за текот и функционирањето на средношколскиот тим.

5. Изработка на финален извештај за периодот на менторирање.

Се очекува менторот да има 6 работни денови во вториот период на менторирање од мај до јули.

ПРОФИЛ НА МЕНТОРОТ

1. Минимум 2 години искуство во работа со и менторирање на млади луѓе.

2. Минимум 3 години искуство во реализација на проекти поврзани со социјални промени и иновации.

3. Ке се смета за предност доколку апликантот има академска позадина или искуство во делот на климатски промени, животна средина и одржливост.

4. Ќе се смета за предност доколку апликантот има искуство во бизнис развој

5. Силни вештини за фасилитирање на групи и процеси

АПЛИЦИРАЊЕ СЕЛЕКЦИЈА И НАДОМЕСТ

Аплицирањето за менторскиот ангажман се врши електронски со испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на следната e-mail адреса: info@lead.org.mk, со назнака „UpShift Апликација за ментор“

Рокот за аплицирање е до 30.03.2022.

По завршување на рокот за аплиција ќе бидат селектирани вкупно 5 ментори. Програмскиот тим може да одлучи да спроведе интеревјуа со дел од кандидатите.

Предвидениот надомест за целокупниот ангажман е 47 664 денари во бруто износ.

од што се состои програмата?

ФАЗА 1 – Дефинирање на проблем/предизвик, со можно предлог решение и аплицирање (март)
ФАЗА 2 – UpShift Bootcamp (14-16 април, Струга)

Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120 000 денари за имплементација на решението.

ФАЗА 3 – Промоција и активности во заедницата (мај)

5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата  и прибирање на средства.

ФАЗА 4 – Имплементација на социјалните иницијативи (мај-јули 2022)

Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.