LEAD во рамки на програмата UPSHIFT има потреба од ангажирање на 1 обучувач за работа со методологијата на Design Thinking коj ќе придонесе за развој на 5 иновативни социјални иницијативи поврзани со прилагодување кон климатските промени во секторот ВОЗДУХ.
UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина.
Циклусот ВОЗДУХ ќе биде реализиран од ноември 2022 до јануари 2023. Целосниот повик е достапен на следниот ЛИНК.
Преку програмата UPSHIFT, ќе бидат селектирани 10 финалисти, од кои ќе бидат избрани 5 победнички решенија кои ќе добијат поддршка за реализација на решението од 120000 денари.
ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ
Една од главните одлики на програмата UPSHIFT е користењето на методологија на Design Thinking за истражување на проблемите/предизвиците и изнаоѓање на соодветни и иновативни решенија.
Методологија на Design Thinking е предвидено да биде користена за време на ФАЗА 2, при реализирање на UPSHIFT Bootcamp од 2 до 4 ноември во Струга.
За време на UPSHIFT Bootcamp-от 10 средношколски тимови, секој составен од по 5 членa ќе треба да поминат низ процесот на Design Thinking за детализирање на проблемите/предизвиците и изнаоѓање на решенијата.
Целта на Bootcamp-от е да се изберат 5 победнички социјални иновации во секторот вода. Првите два дена од Bootcamp-от на 2 и 3 ноември се наменети за креирање на иновации преку Design Thinking, додека на 4 ноември предвидено е да има претставување на решенија пред комисија за оценување.
Работните задачи на обучувачот ќе опфаќаат:
Подготовка на програма и активности за UPSHIFT Bootcamp од 2-4 ноември според методологија на Design Thinking
Реализација и водење на сесиите предвидени за користење на Design Thinking на 2 и 3 ноември.
ПОДГОТОВКА НА КРАТОК ИЗВЕШТАЈ ЗА АНГАЖМАНОТ
ПРОФИЛ НА ОБУЧУВАЧОТ
- Минимум 4 години искуство во реализација на обуки и тренизи
- Минимум 4 реализирани обуки/тренинзи со користење на методологијата на Design Thinking
- Ке се смета за предност доколку апликантот e сертифициран или има комплетирана едукација како обучувач/тренер
- Силни вештини за фасилитирање на групи и процеси
- Силни комуникациски и вештини за презентирање
АПЛИЦИРАЊЕ, СЕЛЕКЦИЈА И НАДОМЕСТ
Аплицирање на за менторскиот ангажман се врши електронски со испраќање на кратка биографија во која се наведени претходни слични ангажмани и мотивациско писмо на следната e-mail адреса: info@lead.org.mk
Рокот за аплицирање е до 23.10.2022.
Програмскиот тим може да одлучи да спроведе интеревјуа со дел од кандидатите.
Предвидениот надомест за целокупниот ангажман е 26000 денари во бруто износ.
ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМАТА
ФАЗА 1 – Дефинирање на проблем/предизвик (октомври)
ФАЗА 2 – UpShift Bootcamp (2-4 ноември, Струга)
Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120000 денари за имплементација на решението.
ФАЗА 3 – Промоција и активности во заедницата (декември)
5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата и прибирање на средства.
ФАЗА 4 – Имплементација на социјалните иницијативи (ноември 2022-јануари 2023)
Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.
Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.