UPSHIFT-ЦИКЛУС 2: Повик за средношколци да развијат иновативни еко-решенија за подобрување на квалитетот на ВОЗДУХОТ

Каков е квалитетот на воздухот во твојата општина?
Каква социјална иновација младите би предложиле за намалување на загадувањето на ВОЗДУХОТ?
Формирај тим од 5 врсници, опиши го предизвикот поврзан со квалитетот на воздухот и аплицирај за награда од 120.000,00 денари за имплементација на иновативното решение.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на училиштата и локалната заедница за справување со климатските промени и заштита на животната средина. Преку програмата учениците ќе имаат можност да стекнат:

pencil

Вештини и компетенции за социјални иновации

practice

Практична примена на вештините во реализација на социјална иницијатива

networking

Посилна врска и одговорност кон локалната заедница

consulting

Менторска и експертска поддршка и буџет од 120.000,00 денари да спроведат социјална иницијатива

competitive

Искуство во натреварување со други тимови составени од нивни врсници

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМА?

ФАЗА 1 – Дефинирање на проблем/предизвик, аплицирање и избор на 10 финалисти (октомври)
ФАЗА 2 - Онлајн работилница за развој на предизвици за 10 финалисти (19 октомври)

Работилницата ќе биде вовед во целата методологија на дизајнерско размислување и секој тим дополнително ќе го разработи својот предизвик.

фаза 3 - UpShift Bootcamp за 10 финалисти (02-04 ноември, Струга)

Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120.000,00 денари за имплементација на решението.

ФАЗА 4 – Промоција и активности во заедницата (ноември)

5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата  и прибирање на средства.

ФАЗА 5 - Имплементација на социјалните иницијативи (ноември 2022-јануари 2023)

Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

 

ВОЗДУХ – тематски опис

Продолжувајќи со  еден од четирите класични елементи на природата (воздух, вода, почва и оган), воздухот и загадувањето ќе бидат во фокусот на вториот циклус на програмата UPSHIFT.

Во последните 10 години состојбата со квалитетот на воздухот во цела земја станува посебно загрижувачки. Посебно загрижувачки се месеците од ноември до март, кога  македонски градови редовно котираат во првите 10 најзагадени градови во Европа.

Постојат различни истражувања и студии на оваа тема од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и други релевантни институции.

Според тоа, индустријата е најголемиот загадувач во С. Македонија според извештај изработен за петнаесет држави од страна на петнаесет врховни ревизорски институции од Европа во соработка со Европскиот суд на ревизори.[1]

Последната направена студија во земјава е од 2021 година и е фокусирана на градот Скопје. Во неа се вели дека 30% од загадувањето во градот е од страна на домаќинствата. Целото истражување е пристапно на следниот ЛИНК.

Последната студија направена од институциите на национално ниво е од 2016 година каде што домаќинствата со 46,62% и индустријата со 37,2% се најголеми загадувачи[2].

[1] Линк до објавата. Повеќе информации за истражувањето е достапно на следниот линк.

[2] Влада на РСМ. План за чист воздух, достапен на следниот линк.

Во рамките на овој циклус, тимовите составени од средношколци треба да достават проблеми/предизвици поврзани со квалитетот на ВОЗДУХот, вклучувајќи:

Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот;
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон прочистување на воздухот и спречување на загадувањето;
Предизвици/проблеми и решенија насочени кон одговорно користење на материјали и ресурси кои влијаат врз квалитетот на воздухот
Други предизвици и решенија поврзани со квалитетот на воздухот

Дополнително, подолу споделуваме неколку публикации и истражувања кои можете да ги искористите за инспирација за опис на вашите проблеми и предизвици.

ШТО Е СОЦИЈАЛНА ИНОВАЦИЈА?

Социјална иновација подразбира развој на нови решенија кои претходно не постоеле за решавање на некој општествен проблем, во случајот ВОЗДУХОТ.

Пример: Ученици во своето училиште забележале дека училиштето трошело питка вода за наводнување на дворните површини. Учениците предложиле да се изгради систем кој би ја собирал водата дождовници која би се чувала во посебен контејнер и би се користела за наводнување.

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА

Повикот е отворен за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.

Тимовите можат да бидат составени и од ученици од различни средни училишта, се додека училиштата се од истиот град.

Секој тим мора да биде составен од 5 члена од кои најмногу 3 члена можат да бидат од ист пол. Тимовите силно се охрабруваат да вклучат ученици од маргинализираните групи (ученици од социјално загрозени семејства, ученици со попречености и сл.)

Два и повеќе тима од исто училиште или ист град е возможно да аплицираат само доколку сите членови на тимовите се различни.

Од пристигнатите апликации, ќе бидат селектирани 10 финалисти врз основа на следните критериуми:

1. Потреба – најмногу 20 поени

Колкава е потребата за поддршка за изнесениот предизвик/проблем во рамки на училиштето, локалната заедница и градот?

Ве охрабруваме да истражите и да вметнете податоци за итноста за решавање на проблемот и како истиот влијае негативно.

2. Степен на влијание – најмногу 10 поени

Какво влијание и разлика може да се направи во рамки на локалната заедница доколку се реши предизвикот/проблемот?

Аплицирање се врши со пополнување на апликациската форма на следниот ЛИНК најдоцна до 09.10.2022.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ОТКАКО ЌЕ БИДАТ СЕЛЕКТИРАНИ ФИНАЛИСТИТЕ?

Од вкупниот број на пристигнати апликации ќе бидат селектирани 10 финалисти кои ќе бидат дел од UPSHIFT Bootcamp-от од 02 до 04 ноември.

На самиот Bootcamp сите 10 тима ќе креираат решенија кои ќе ги претстават пред 3 члена комисија. На крајот, ќе бидат избрани 5 победници.

По избирањето на 5те победнички тима, истите започнуваат со реализација на нивното решение. Предложеното решение треба да може да се имплементира во период од 3-4 месеци (ноември 2022 – јануари 2023).  Во текот на реализицијата покрај финансиските средства од 120.000,00 денари, тимовите ќе добијат поддршка од ментори кои ќе бидат назначени од програмата и ќе помогнат на тимовите во реализација на социјалната иницијатива

претходни и СЛЕДНИ UPSHIFT ЦИКЛУСИ

UPSHIFT програмата ќе содржи 5 циклуси, во наредните 18 месеци поделени во 5 тематски области и тоа:

water
ВОДА

март – јули 2022

wind
ВОЗДУХ

септември 2022-јануари 2023

plant
ПОЧВА

декември 2022 –
март 2023

project-management
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

јануари – јуни 2023

flame
оган

март – јули 2023

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

  1. Имаме претстава за проблемот/предизвикот, но не сме сигурни како јасно да го претставиме?

За разработка на проблемот/предизвикот препорачуваме да ја користите алатката Дрво на проблеми. На следниот ЛИНК споделуваме пример од истата.

  1. Тимот од моето училиште веќе има подготвено решение за одреден предизвик, дали може да го аплицираме истото?

Во првата фаза – дефинирање на проблем/предизвик и аплицирање клучно е јасно дефинирање на проблемот/предизвикот. Решенијата на проблемите/предизвиците ќе имате можност да ги разработите за време на UPSHIFT Bootcamp-от преку методологијата на дизајнерско размислување.

  1. Дали можеме да ги замениме членовите на тимот доколку ја добиеме наградата?

Членовите на тимот мораат да биде истите со кои самиот тим аплицирал.

  1. Доколку нашиот тим победи каква улога ќе има менторот?

Менторите ќе играат клучна улога во поттикнување на претприемничкиот дух кај тимовите. Менторите ќе ве поттикнат да и ќе ви помогнат со совети да го реализирате решението со кое сте победиле и да го подобрите доколку е тоа потребно.

  1. Доколку се појави можност, дали може да се обезбедат дополнителни средства за самата иницијатива?

Тимовите се охрабруваат да обезбедат повеќе средства за реализација на иницијативата, парични или непарични.

  1. Доколку аплицираме на еден циклус и сме одбиени, дали имаме можност да аплицираме повторно?

Секако. Средношколците се поттикнуваат да аплицираат за оние циклуси за кои сметаат дека постои потреба и проблем.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ