Поставување на батерии за чување на електрична енергија која ќе се добива од електрични велосипеди и ленти за трчање поставени во училишната теретана. Со тоа ќе направи месечна заштеда од 30% од сметките за струја.
Поставување на 3 велосипеди со вграден генератор за произведување електрична енергија. Електричната енергија ќе се користи за загревање на училишната сала со што ќе се направи заштеда од 15000 денари на годишно ниво.
Градење на 12 топлински цевки за загревање на воздухот кои трошат 59% помалку електрична енергија. Овие топлински цевки ќе се користат за целосно загревање на 6 училници во училиштето.
Изработка и поставување на плочки во училишниот ходник кои преку магнетна индукција ќе произведуваат електрична енергија од чекори. Преку тоа ќе направат заштеда на струја од 1800kw годишно или 48000 денари.
Конструирање топлински акумулатор од песок за складирање на енергија произведена од вишокот од фотоволтаичните панели на училиштето. Овие акумулатори ќе се користат за целосно загревање на училишната работилница со што ќе направи заштеда од 120000 денари на годишно ниво.