На кој начин се користи и третира ПОЧВАТА во твојот град/маало/училиште?
Каква социјална иновација би предложил за одговорно искористување на ПОЧВАТА кое нема да влијае негативно на околината?
Формирај тим од 5 врсници од твојот град, опиши го проблемот/предизвикот поврзан со ПОЧВАТА и изрази интерес за награда од 120.000,00 денари за имплементација на иновативното решение.
UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на младите и локалната заедница за справување со климатските промени и заштита на животната средина. Преку програмата учениците ќе имаат можност да стекнат:
Вештини и компетенции за социјални иновации и еколошки решенија
Практична примена на вештините во реализација на социјална иновација
Посилна врска и одговорност кон локалната заедница и граѓаните
Менторска и експертска поддршка и буџет од 120.000,00 денари да спроведат социјална иницијатива
Искуство во натреварување со други тимови составени од нивни врсници
ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМА?
Повик, дефинирање на проблем/предизвик, аплицирање и избор на 10 финалисти (јануари и февруари)
- Изразување на интерес за аплицирање (до 3 февруари)
- Онлајн работилница за дефинирање на проблемите за заинтересирани тимови (8 февруари)
- Краен рок за аплицирање (19 февруари)
ФАЗА 2 – Подготвителна онлајн работилница за 10 финалисти (28 февруари) и UpShift Bootcamp за 10 финалисти (08-10 март, Струга)
Работилницата ќе биде вовед во целата методологија на дизајнерско размислување и вовед во UPSHIFT Bootcamp-от
Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120.000,00 денари за имплементација на решението.
ФАЗА 3 – Промоција и активности во заедницата (април 2023)
5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата и прибирање на средства.
ФАЗА 4 – Имплементација на социјалните иницијативи (март 2023- јуни 2023)
Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.
почва – тематски опис
ПОЧВАТА и земјоделството спаѓа во најранливите основни елементи кои се зафатени од климатските промени на глобално ниво но и во нашата земја.
Зголемувањето на температурата во голема мера влијае на почвата. Просечната температура на копното за периодот 2006-2015 година била 1,53°C повисока отколку за периодот 1850-1900 година. Ова придонесува за намалување на влажноста на почвата што придонесува за нејзин намален принос и опустинување. Со зголемување на индустриските активности и отпадните води од домаќинствата и индустријата во реките почвата е под зголемен притисок од загадување. Дополнително, системите за наводнување на нивите и развојот на земјоделието влијае на квалитетот на почвата и храната која ја добиваме од истото.
Користењето на почвата придонесува околу една четвртина од глобалните емисии на стакленички гасови, особено емисиите на CO2 (јаглерод диоксид) од уништувањето на шумите, емисиите на CH4 (метан) од оризот и добитокот од преживари и емисиите на N2O (нитрус оксид) од употребата на ѓубрива. Од друга страна почвата е моќен абсорбер на емисии на јаглероден диоксид при што од 2007 до 2016 апсорбирала 6 гигатони (Gt) нето CO2 годишно, што е еквивалент на годишните емисии на стакленички гасови на САД.
Како главни предизвици поврзани со почвата и климатските промени се следните:
- oбесшумувањето и деградацијата на шумите
- начинот на производство на храна и земјоделските активности, пред се производството на неорганска храна
- загадувањето со отпадни води од домаќинства и индустрија
- зголемена урбанизација и ерозија на земјиштето
Исто така, Република Северна Македонија се смета за земја каде што ерозијата на почвата е особено голема. Според МЖСПП се проценува дека 37% од земјата се соочува умерена до екстремна ерозија, со вкупен годишен губиток на почва од околу 17.100.000m3. Миграцијата од селските во градските средини исто така има влијание врз почвата. Во период од 2000 год. До 2018 год. има зголемување на вештачките површини за 15% кое води до трајно запечатување на земјиштето. Понатаму има намалување на земјоделските површини од 8,4%, намалување на шумските и полуприродните области за 6,6% и на водните тела за 10,6%. Како резултат на климатските промени околу 75,6% од територијата на Република Северна Македонија покажува знаци на аридност (сушење) или семи-аридност. Ова води кон опустинување, губење на биодиверзитетот и зголемување на ерозивните процеси.
Во рамките на овој циклус, тимовите составени од средношколци треба да достават проблеми/предизвици поврзани со ПОЧВАТА вклучувајќи:
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон намалување на емисиите на стакленички гасови кои произлегуваат од користење на почвата.
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон намалување на токсичнота на почвата произлезена од отпадни води и/или индустриски активности
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон искористување на стакленичките гасови настанати со користење на почвата за други цели.
Предизвици/проблеми и предлог решенија кои се насочени кон одговорно користење и третирање на почвата.
Предизвици/проблеми и предлог решенија насочени кон искористување на потенцијалот на почвата на начин кој не придонесува за климатските промени
Други предизвици и решенија поврзани со почвата
Дополнително, подолу споделуваме неколку публикации и истражувања кои можете да ги искористите за инспирација за опис на вашите проблеми и предизвици.
ШТО Е СОЦИЈАЛНА ИНОВАЦИЈА?
Социјална иновација подразбира развој на нови решенија кои претходно не постоеле за решавање на некој општествен проблем, во случајот ПОЧВАТА. Примери од други области за социјална иновација:
Пример 1: Ученици во своето училиште забележале дека училиштето трошело питка вода за наводнување на дворните површини. Учениците предложиле да се изгради систем кој би ја собирал водата дождовницa која би се чувала во посебен контејнер и би се користела за наводнување.
Пример 2: Ученици загрижени за големото ниво на загадување низ градовите, решаваат да ги искористат саѓите кои се собираат на филтрите поставени на оџаците, и од нив да направат мастило кое ќе се продава. Потоа, приходот од продажбата ќе биде инвестиран во дополнителни филтри за спречување на загадувањето.
Пример 3: Ученици забележале дека училиштето има вишок на енергија добиена од фоловолтаични панели. За да ја искористат таа енергија смислуваат иновативен начин за нејзино чување во цилиндри од песок за потоа во зимскиот период да бидат искористени како грејни тела за затоплување на просториите во училиштето.
УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА
Повикот е отворен за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.
Секој тим мора да биде составен од 5 члена од кои најмногу 3 члена можат да бидат од ист пол. Тимовите силно се охрабруваат да вклучат ученици од маргинализираните групи (ученици од социјално загрозени семејства, ученици со попречености и сл.)
Два и повеќе тима од исто училиште е возможно да аплицираат само доколку сите членови на тимовите се различни.
Од пристигнатите апликации, ќе бидат селектирани 10 финалисти врз основа на следните критериуми:
1. Потреба – најмногу 10 поени
Колкава е потребата за поддршка за изнесениот предизвик/проблем во рамки на училиштето?
Ве охрабруваме да истражите и да вметнете податоци за итноста за решавање на проблемот и како истиот влијае негативно;
2. Степен на влијание – најмногу 10 поени
Какво влијание и разлика може да се направи во рамки на училиштето доколку се реши предизвикот/проблемот?
3. Иновативност и изводливост на решение – најмногу 20 поени
Колку решението е иновативно и истото може да се спроведе за 120.000 денари во рок од 4 месеци?
Аплицирањето се врши со изразување на интерес на следниот ЛИНК најдоцна до 19.02.2023.
ШТО СЕ СЛУЧУВА ОТКАКО ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ПОВИКОТ ЗА АПИЦИРАЊЕ?
Повикот е структуриран во неколку фази. Првата фаза е изразување на интерес за аплицирање, со краен рок до 3 февруари. Тимовите кои сакаат да аплицираат треба прво да изразат интерес. Откако ќе изразат интерес, ќе бидат вклучени во онлајн работилница која ќе има помогне подобро да ги структурираат проблемите и решенијата. Работилницата ќе се одржи на 8 февруари.
Потоа, заинтересираните тимови имаат рок до 19 февруари да аплицираат.
Од вкупниот број на пристигнати апликации ќе бидат селектирани 10 финалисти кои ќе бидат дел од UPSHIFT Bootcamp-от од 8 до 10 март.
На самиот Bootcamp сите 10 тима ќе креираат решенија кои ќе ги претстават пред 3 члена комисија. На крајот, ќе бидат избрани 5 победници.
По избирањето на 5те победнички тима, истите започнуваат со реализација на нивното решение. Предложеното решение треба да може да се имплементира во период од 3-4 месеци (март 2023-јуни 2023). Во текот на реализицијата покрај финансиските средства од 120.000,00 денари, тимовите ќе добијат поддршка од ментори кои ќе бидат назначени од програмата и ќе помогнат на тимовите во реализација на социјалната иницијатива.
Временската рамка на циклусот изгледа вака:
Отворање не повикот- 24 јануари
Рок за изразување интерес- 3 февруари
Подготвителна сесија за заинтересираните тимови- 8 февруари
Краен рок за аплицирање- до 19 февруари
Избор на 10 финалисти- до 24 февруари
Подготвителна онлајн сесија за 10 финалисти- 28 февруари
UPSHIFT Bootcamp- 08-10 март
Реализирање на проектот март- јуни 2023
претходни и СЛЕДНИ UPSHIFT ЦИКЛУСИ
UPSHIFT програмата содржи 5 циклуси, во период од 18 месеци поделени во 5 тематски области и тоа:
ВОДА
март – јули 2022
ВОЗДУХ
август 2022 – декември 2023
ЕНЕРГИЈА
декември 2022 –
април 2023
ПОЧВА
јануари – јуни 2023
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА
март – јули 2023
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
1. Имаме претстава за проблемот/предизвикот, но не сме сигурни како јасно да го претставиме?
За разработка на проблемот/предизвикот препорачуваме да ја користите алатката Дрво на проблеми. На следниот ЛИНК споделуваме пример од истата.
2. Дали можеме да ги замениме членовите на тимот доколку ја добиеме наградата?
-Членовите на тимот мораат да биде истите со кои самиот тим аплицирал.
3. Доколку нашиот тим победи каква улога ќе има менторот?
Менторите ќе играат клучна улога во поттикнување на претприемничкиот дух кај тимовите. Менторите ќе ве поттикнат да и ќе ви помогнат со совети да го реализирате решението со кое сте победиле и да го подобрите доколку е тоа потребно.
4. Доколку се појави можност, дали може да се обезбедат дополнителни средства за самата иницијатива?
Тимовите се охрабруваат да обезбедат повеќе средства за реализација на иницијативата, парични или непарични.
5. Доколку аплицираме на еден циклус и сме одбиени, дали имаме можност да аплицираме повторно?
Секако. Средношколците се поттикнуваат да аплицираат за оние циклуси за кои сметаат дека постои потреба и проблем.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете се на info@lead.org.mk.
Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.