ЗАПОЗНАЈ ГИ ПОБЕДНИЧКИТЕ ТИМОВИ

тим: LuftOn

сугс „орце николов“- скопје

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Создавање компанија која саѓите на веќе постоечките оџаци и филтри ќе ги употреба за производство и продажба на мастило, чиј профит потоа ќе го инвестира во поставување на нови филтри.

тим: ППМ-55

СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“- Скопје

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Создавање на иновативен систем за филтрација на воздух, наречен Хексам филтер кој ќе се поставува на прозорци, транспортни средства, фабрики и на отворено.

тим: Џингари

СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ – Македонска Каменица

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Креирање ученичка компанија која ќе увезува и одгледува сребрена бреза, дрво кое е способно да апсорбира повеќе од 3100 килограми јаглероден диоксид.

тим: Делчево Алфа

СОУ „Методи Митевски-Брицо“ – Делчево

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Поставување електростатски филтри на оџаците од своето училиште, основното училиште, детската градинка и центарот за лица со посебни потреби. Поставените филтри ќе прочистуваат 99% од штетните честички.

тим: Tear down PM

СОУ „Гостивар“ – Гостивар

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Конструирање биоразградувач „ТТД“ што ќе користи биоразградлив отпад кој ќе го трансформира во биогас кој ќе произведува електрична енергија за домашна употреба. Со тоа ќе се спречи загадување на воздухот со метан.