МЛАДИНСКА РАБОТА
ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ
РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА
Граѓански активизам
ЕЛТОН ЈАШАРИ
Младински работник и проектен координатор
elton@ycc.mk
Елтон е младински работник, проектен координатор, ментор и фасилитатор на програми за неформално образование со повеќе од 5 години искуство во граѓанскиот и младински сектор.
Моментално работи како раководител на огранокот на Демокраси Лаб – Центар за млади и заедницатa (YCC) во Гостивар, во која улога ги надгледува и координира различните проекти со и за младите, и заедницата во Гостивар. Воедно е и координатор на секојдневните активности во центарот, фасилитатор на програми за неформално образование, и одговорно лице за целокупниот организациски и оперативен процес на самиот центар.
Преку својата работа во YCC, тој заедно со своите колеги се труди да им овозможи и да им помогне на младите да развијат животни вештини, да размислуваат критички и да станат одговорни и активни граѓани.
Елтон е дел од втората генерација на сертифицирани Работници со Млади – програма спроведена од страна на Сојуз за младинска работа.
Има дипломирано и магистрирано на Факултетот за современи општествени науки, при Универзитетот на Југоисточна Европа, во областа на политичките науки.
Ефективна комуникација
Младинска работа
Организациски менаџмент
Креативна адаптација
Младинска работа
Ивона Минчева
Психолог, психотерапевт во едукација, специјалист за човечки ресурси
ivonamincheva000@gmail.com
Ивона е психолог, Гешталт психотерапевт во едукација, младински ментор и Човечки Ресурси Специјалист
Своето формално образование го стекнува на Институтот за Психологија при Филозофскиот факултет Скопје – Институт Психологија.
Своето образование го продолжува на Институтот Синергија каде посетува едукација за Гешталт психотерапевт.
Со нејзината посветеност кон работа со млади и метално здравје таа придонесува кон основање на младинската организација SHARE преку која беа обучени повеќе од 200 млади и беа организирани повеќе од 30 работилници.
Пасијата кон ментално здравје и работа со млади ја продолжува со работа во невладин сектор како Програмски Асистент во LEAD, како и Младински Локален Координатор на програмата Young Cities.
Автентичен контакт со себе и останатите ѝ е главниот пристап при работа со млади и возрасни. При работа со групи од непроценлива важност ѝ е поттикнување на функционални обрасци на комуницирање, трпение и разбирање, поттикнувајќи уживање во процесот на работа со цел младите да ја разберат важноста која ја има нивната работа и труд.
Обидувајќи се да ја инкорпорира психологијата во организациски контекст, таа се стекнува со неформално образование на Академијата за Човечки Ресурси во Brainster.
Во моментов, Ивона работи како специјалист за човечки ресурси во Смартифај.
ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
млади
СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА
ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ
НИКОЛА ИВАНОВСКИ
Проектен менаџер и ментор
nikola_ivanovski@yahoo.com
Никола е проектен менаџер, фасилитатор и обучувач со фокус на работата на младите и лица со попреченост веќе 6 години.Има учествувано во повеќе од 10 младинсски неформални иницијативи на локално ниво и меѓународно но и како ментор на 4 иницијативи.
Моментално работи во People in Need на проект за деинституционализација на лица со интелектуална попреченост од Специјалниот завод Демир Капија и нивна инклузија во општеството.
Работи на застапување на младите и е дел и од управниот одбор на Нацеионалниот младински совет на Македонија. Бил дел од управниот одбор на Сојуз за младинска работа и извршната канцеларија на Младите можат.
Со својата работа, има придонесено за подобрување на положбата на повеќе 75 лица со интелектуална попреченост, неформлано образование на повеќе од 1000 млади и придонесено во работата на 5 младински организации во Северна Македонија
Силно верува дека младите се не само иднината туку и сегашноста.
проектен менаџмент
МЛАДИНСКА РАБОТА
МЕНТОРСТВО
ЛИЧЕН РАЗВОЈ
ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ
КАМЕЛИЈА ЈАНЕВСКА
Проектен координатор и ментор
kamelija.janevska@gmail.com
Камелија Јаневска е проектен координатор, ментор, фасилитатор и младински работник со повеќе од 8 години искуство во граѓанскиот сектор во С.Македонија.
Нејзината страст е работа со млади на теми кои го опфаќаат личниот раст и развој, менталното здравје, здравствената информираност и превенција и социјалната еднаквост, со цел да се овозможи на младите простор за нивно унапредување, мотивирање и поттикнување да се дел од младинскиот активизам како движечка сила во трансформацијата на заедницата преку потенцијалот за подигнување на општествената свест и унапредување на општествените процеси.
Преку својата работа има придонесено кон унапредување и развивање на вештини на повеќе од 2000 млади, обезбедување на неформално образование на млади од рурални средини и се има вклучено активно во развојот и работата на 3 младински организации ПРЕВЕНТУС, Младите можат и ЕМСА Македонија.
Своето формално образование го стекнува на Медицинскиот факултет – Скопје.
Моментално работи како проектен координатор во Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните – ПРЕВЕНТУС и е дел од управниот одбор на Младите можат.
МЛАДИНСКА РАБОТА И МЕНТОРСТВО
ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗА
МАРКЕТИНГ И ПРЕЗЕНТАЦИСКИ ВЕШТИНИ
НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ
ГЕОРГИ БОЖИНОВСКИ
Младински ментор
Георги е дипломиран новинар, дебатен тренер, и младински ментор со фокус на средношколци и млади од различни позадини. Дел е од младинскиот сектор веќе 6 години и има учествувано во повеќе средношколски и студентски движења.
Во својата кариера работел како програмски координатор во Младински Образовен Форум, маркетинг асистент и новинар. Бил член на првото Универзитетско Студентско Собрание, постаувајќи ги темелите на модерното студентско движење во државата. Во своето слободно време работи со млади на тинејџерска возраст, развивајќи ги нивните презентациски способности, вештини за јавно говорење и анализа.
Со својата работа помогнал во подобрување на политичката положба на средншоколците и студентите преку реализација на бројни младиннски проекти, реевалуација на Законот за Млади, како и во професионалнот развој на повеќе од 100 средношколци преку директно менторство.