Проектен менаџмент
Младинска работа
менторство
ЛИЧЕН РАЗВОЈ
Граѓански активизам
КАМЕЛИЈА ЈАНЕВСКА
Проектен координатор и ментор
kamelija.janevska@gmail.com
Камелија Јаневска е проектен координатор, ментор, фасилитатор и младински работник со повеќе од 8 години искуство во граѓанскиот сектор во С.Македонија.
Нејзината страст е работа со млади на теми кои го опфаќаат личниот раст и развој, менталното здравје, здравствената информираност и превенција и социјалната еднаквост, со цел да се овозможи на младите простор за нивно унапредување, мотивирање и поттикнување да се дел од младинскиот активизам како движечка сила во трансформацијата на заедницата преку потенцијалот за подигнување на општествената свест и унапредување на општествените процеси.
Преку својата работа има придонесено кон унапредување и развивање на вештини на повеќе од 2000 млади, обезбедување на неформално образование на млади од рурални средини и се има вклучено активно во развојот и работата на 3 младински организации ПРЕВЕНТУС, Младите можат и ЕМСА Македонија.
Своето формално образование го стекнува на Медицинскиот факултет – Скопје.
Моментално работи како проектен координатор во Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните – ПРЕВЕНТУС и е дел од управниот одбор на Младите можат.
Ефективна комуникација
Младинска работа
Организациски менаџмент
Креативна адаптација
Младинска работа
Ивона Минчева
Психолог, психотерапевт во едукација, специјалист за човечки ресурси
ivonamincheva000@gmail.com
Ивона е психолог, Гешталт психотерапевт во едукација, младински ментор и Човечки Ресурси Специјалист
Своето формално образование го стекнува на Институтот за Психологија при Филозофскиот факултет Скопје – Институт Психологија.
Своето образование го продолжува на Институтот Синергија каде посетува едукација за Гешталт психотерапевт.
Со нејзината посветеност кон работа со млади и метално здравје таа придонесува кон основање на младинската организација SHARE преку која беа обучени повеќе од 200 млади и беа организирани повеќе од 30 работилници.
Пасијата кон ментално здравје и работа со млади ја продолжува со работа во невладин сектор како Програмски Асистент во LEAD, како и Младински Локален Координатор на програмата Young Cities.
Автентичен контакт со себе и останатите ѝ е главниот пристап при работа со млади и возрасни. При работа со групи од непроценлива важност ѝ е поттикнување на функционални обрасци на комуницирање, трпение и разбирање, поттикнувајќи уживање во процесот на работа со цел младите да ја разберат важноста која ја има нивната работа и труд.
Обидувајќи се да ја инкорпорира психологијата во организациски контекст, таа се стекнува со неформално образование на Академијата за Човечки Ресурси во Brainster.
Во моментов, Ивона работи како специјалист за човечки ресурси во Смартифај.
Младинска работа
Проектен менаџмент
НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ
РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА
ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ
ЕЛТОН ЈАШАРИ
Младински работник и проектен координатор
elton@ycc.mk
Елтон е младински работник, проектен координатор, ментор и фасилитатор на програми за неформално образование со повеќе од 5 години искуство во граѓанскиот и младински сектор.
Моментално работи како раководител на огранокот на Демокраси Лаб – Центар за млади и заедницатa (YCC) во Гостивар, во која улога ги надгледува и координира различните проекти со и за младите, и заедницата во Гостивар. Воедно е и координатор на секојдневните активности во центарот, фасилитатор на програми за неформално образование, и одговорно лице за целокупниот организациски и оперативен процес на самиот центар.
Преку својата работа во YCC, тој заедно со своите колеги се труди да им овозможи и да им помогне на младите да развијат животни вештини, да размислуваат критички и да станат одговорни и активни граѓани.
Елтон е дел од втората генерација на сертифицирани Работници со Млади – програма спроведена од страна на Сојуз за младинска работа.
Има дипломирано и магистрирано на Факултетот за современи општествени науки, при Универзитетот на Југоисточна Европа, во областа на политичките науки.
проектен менаџмент
вмрежување
ЕРАЗМУС + ПРОГРАМА
МЛАДИНСКА РАБОТА
ЛИЧЕН РАСТ и РАЗВОЈ
ДИЈАНА МИЦЕВСКА
Проектен координатор, ментор и фацилитатор
dijana.micevska@icloud.com
Дијана Мицевска е проектен координатор, Еразмус + координатор, ментор, фасилитатор и младински работник со повеќе од 7 години искуство.
Започнува со волонтирање на 16 годишна возраст во домот за деца без родители “11 Октомври”, а потоа со започнувањето на студиите на Медицинскиот факултет во Скопје се приклучува на студентската организација ЕМСА, најпрво како проектен координатор а потоа е избрана за Директор за медицинска едукација. Во 2018 година е ангажирана како ментор во ЗГ Младите можат, а година подоцна се приклучува на тимот како Координатор за вмрежување и логистика.
Во 2021 е дел од победничкиот тим на младинскиот хакатон организиран од Агенција за млади и спорт.
Од јануари оваа година е ангажирана како проектен координатор во Здружение на Млади лекари специјализанти.
Ужива во работа со млади, особено на теми кои вклучуваат креативност, здравје и личен развој.
INTERCULTURAL COMPETENCE
UNDERSTANDING AND FACILITATING LEARNING PROCESSES
COOPERATING SUCCESSFULLY IN TEAMS
DESIGNING EDUCATIONAL PROGRAMMES
LEARNING TO LEARN
СТЕФАНИЈА ЗМИЈАНАЦ
Проектна координаторка и менторка
zmijanac@crpm.org.mk
Стефанија Змијанац е проектна координаторка, младинска работничка и едукаторка со над десет години активно учество во граѓанскиот сектор.
Во 2020 година дипломира на Европскиот универзитет во Фленсбург, Германија. Како дел од нејзиното образование исто така има завршено еден семестар на факултетот за Комуникациски студии во Лисабон, Португалија.
Стефанија во рамките на програмата за волонтирање, помина една година во Хале, Германија, а како едукаторка, успешно го заврши тренингот за тренери во Бремен.
Посветеноста кон унапредување на младинската работа е потврдена и преку нејзиното искуство во Ерасмус+ програмата, особено на проекти од КА1 и КА2.
Во моментов, Стефанија работи како проектна координаторка на програма за млади во Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП). Таа води проект „Градење на здрави животни навики на младите луѓе“ кој вклучува девет општини, пет младински организации и над 360 млади низ целата држава, со цел да се поттикне активно учество и развој на младите во општеството.