тим: De Air
ПСУ „Јахја Кемал Колеџ“ и СУГС „Георги Димитров“- Скопје
ОПИС НА РЕШЕНИЕ
Рециклираниот одвлажнувач, исклучителна иновација на тимот De Air, преку пренамена на стари компјутерски процесор го филтрира воздухот оттргнувајќи ја присутната влага. Термоелектричниот уред го трансформира ладниот влажен во топол, сув и квалитетен воздух. Почетната примена на одвлажнувачот е негова имплементација во училиштата, со што им се овозможува на учениците поздрав живот и безбедно секојдневие.
тим: Viridi Particula
СОУ„Љупчо Сантов“- Кочани
ОПИС НА РЕШЕНИЕ
Тимот Viridi Particula се бори со загадувањето на воздухот со помош на дигитален фотосинтетски билборд. Искористувајќи ја биолошката фотосинтетска способност на алгите, како и моќта на сончевата енергија како обновлив извор на енергија, иновацијата придонесува кон прочистување на околниот воздух и самоодржлива, еколошка работа на билбордот. Со приходот од поставуваните реклами, решението позитивно влијае, како од еколошки така и од економски аспект.
тим: MIASMA
ПСУ „Јахја Кемал Колеџ“- Струга
ОПИС НА РЕШЕНИЕ
Дигиталната мапа на паркинг места во охидскиот центар креирана од тимот MIASMA ја намалува загаденоста на воздухот предизвикана од штетните гасови од прекумерната употреба на автомобили. Мапирањето на (не)слободни паркинг места на мобилната апликација го олеснува сообраќајот, секојдневието на жителите и го спречува штетното влијание на животната средина. Со ова решение се елиминираат дури 340 000 часа за работа на автомобилите на жителите во Охрид на годишно ниво.
тим: Rebooters
СОУ „Ѓорче Петров“- Крива Паланка
ОПИС НА РЕШЕНИЕ
Тимот Rebooters ја намалува потрошувачката на нафта во нивното училиште за 30% со помош на инфрацрвени дигитални панели. Вградените сензори за температура и притисок од панелите поставени на училишни столчиња ја оптимизираат употребата на енергија за затоплување на просторијата, што пак позитивно се одразува на буџетот на училиштето. Ефикасното затоплување е клучно за еден ученик, а со стратешкото еколошко користење на инфрацрвеното зрачење се постигнува токму тоа.
тим: Climate Crusaders
СОУ „Цар Самоил“- Ресен
ОПИС НА РЕШЕНИЕ
Виртуелна бавча е перспективно решение на тимот Climate crusaders во однос на преголемата употреба на пестициди, нафта и останати ресурси при практичната настава како составен дел од земјоделскиот смер во училиштето. Симулација на бавча, виртуелен асистент, агрокалкулатор и едукативни содржини, прикачени на веб-страница придонесуваат кон намалување на загадувањето на водата, воздухот и почвата.
тим: Cinco Estrellas
СУГС „Панче Арсовски“ - Скопје
ОПИС НА РЕШЕНИЕ
Проблемот со големото количество на отпад насекаде низ градот, тимот Cinco estrellas го решаваат со поставување на машини за собирање на отпад кои функционираат со помош на соларни панели. За секое парче отпад вметнато во овие машини, поединецот добива паричен надоместок на својата сметка на мобилна апликација. Во договор со компании за селекција и рециклажа на отпад, тој се спроведува до истите фирми, каде што се рециклира, со што се оневозможуваат материјали како пластика и алуминиум да го загадуваат градот.