ЗАПОЗНАЈ ГИ МЕНТОРИТЕ

Младинска работа

Младински политики

Менторирање

Обучување

Истражувања

ДРАГАН АТАНАСОВ

Едукатор и истражувач

atanasov.dragan@gmail.com

Драган е едукатор, обучувач, истражувач и автор со повеќе од 15 години искуство во граѓанскиот и младинскиот сектор. Најмногу искуство има во активности за препознавање и развој на младинската работа, развој на заедницата и културна разновидност, изработка на младински политики, како и спроведување истражувања и пишување публикации во областа на младинската работа, волонтерство и неформална едукација.

Драган моментално работи како Генерален секретар на Сојуз за младинска работа – национална мрежа на понудувачи на младинска работа, а основач е на младинската организација Креактив. Дел е од мрежата на обучувачи на SALTO SEE, групата на надворешни експерти на Советот на Европа, и тимот на истражувачи на Партнерството помеѓу Европската Комисија и Советот на Европа во полето на младите. 

Како едукатор, Драган често работи со млади, младински организации и политички подмладоци. Има дипломирано на правниот факултет Јусинијан Први, во областа на политичките науки.

Развој на програми и проекти
Социјално претприем-ништво
Јавни политики
Неформално образование
Пишување и истражување
НФО и менторство

МАРЈАН ИЦОСКИ

Програмски менаџер, едукатор и истражувач, Здружение за социјални иновации АРНО

marjan@arno.org.mk

Марјан е програмски менаџер, едукатор, истражувач, ментор и активист за човекови права со повеќе од 10 години искуство. Како дел од граѓанскиот сектор, Марјан има експертиза во менаџмент на меѓународни програми за образование и истражување во областа на младинските политики, социјалното претприемништво, ЕУ интеграциите и човековите права.

Моментално, Марјан работи како програмски менаџер во Здружението за социјални иновации АРНО на регионална програма за млади социјални претприемачи и води истражувања на екосистемот за социјалното претприемништво во регионот на Западен Балкан и Европа.

Претходно, Марјан работи како академски тутор на мастер програма за човекови права и демократија при Универзитетот во Болоња, каде што се уште е гостински предавач во полето на академско пишување, јавни политки и проектен менаџмент, а воедно е и претседател на асоцијацијата на поранешни студенти. Досега, како едукатор, тренер, фасилитатор и ментор, директно учествувал во едукацијата и развојот на повеќе од 3000 млади од сите делови на светот.

Марјан има магистрирано на Правниот факултет Јустинијан Први, насока правни студии и на Универзитетот во Болоња, насока човекови права и демократија.

Проектен менаџмент

Лица со попреченост

МЛАДИ

Социјална инклузија

Граѓански активизам

НИКОЛА ИВАНОВСКИ

Проектен менаџер и ментор

nikola_ivanovski@yahoo.com

Никола е проектен менаџер, фасилитатор и обучувач со фокус на работата на  младите и лица со попреченост веќе 6 години.Има учествувано во повеќе од 10 младинсски неформални  иницијативи на локално ниво и меѓународно но и како ментор на 4 иницијативи. 

Моментално работи во People in Need на проект за деинституционализација на лица со интелектуална попреченост од Специјалниот завод Демир Капија  и нивна инклузија во општеството.  

Работи на застапување на младите и е дел и од управниот одбор на Нацеионалниот младински совет на Македонија. Бил дел од управниот одбор на Сојуз за младинска работа и извршната канцеларија на Младите можат.

Со својата работа, има придонесено за подобрување на положбата на повеќе 75 лица со интелектуална попреченост, неформлано образование на повеќе од 1000 млади и придонесено во работата на 5 младински организации во Северна Македонија

Силно верува дека младите се не само иднината туку и сегашноста.

Младинска работа
Проектен менаџмент
Фасилитирање
Неформално образование
Развој на заедницата
Граѓански активизам

ЕЛТОН ЈАШАРИ

Младински работник и проектен координатор

elton@ycc.mk

Елтон е младински работник, проектен координатор, ментор и фасилитатор на програми за неформално образование со повеќе од 5 години искуство во граѓанскиот и младински сектор.

Моментално работи како раководител на огранокот на Демокраси Лаб – Центар за млади и заедницатa (YCC) во Гостивар, во која улога ги надгледува и координира различните проекти со и за младите, и заедницата во Гостивар. Воедно е и координатор на секојдневните активности во центарот, фасилитатор на програми за неформално образование, и одговорно лице за целокупниот организациски и оперативен процес на самиот центар.

Преку својата работа во YCC, тој заедно со своите колеги се труди да им овозможи и да им помогне на младите да развијат животни вештини, да размислуваат критички и да станат одговорни и активни граѓани.

Елтон е дел од втората генерација на сертифицирани Работници со Млади – програма спроведена од страна на Сојуз за младинска работа.

Има дипломирано и магистрирано на Факултетот за современи општествени науки, при Универзитетот на Југоисточна Европа, во областа на политичките науки.

Младинска работа

Личен раст и развој

Проектен менаџмент

Врсничка едукација

Развој на заедницата

Граѓански активизам

СОФИЈА СТОЈАНОВСКА

Едукатор и ментор

sofijastojanovska13@gmail.com

Софија е едукатор, тренер, фасилитатор и ментор со повеќе од 10 години искуство во граѓанскиот сектор во С. Македонија. Идеалистка постојано следена од идејата и желбата за позитивен импакт во заедницата. Активистка која верува дека со дијалог и дискусија може да се постигне најдоброто решение за подобрување на благосостојбата на граѓаните.

Најзадоволна е кога работи со млади на нивна едукација и личен раст и развој. Особено е страствена кога работи како тренер за врснички едукатори со млади на темите ментално здравје и превенција на трговија со луѓе.

Во изминатите 10 години има работено во Црвен крст на Република Македонија и придонесено да се развијат различни форми на волонтерско активирање на млади и цели заедници.

Моментално работи во Младите можат каде што развива програми кои се насочуваат на подобрување на менталното здравје на средношколците.

Откако работи професионално со млади  има влијаено на развојот на повеќе од 5000 млади на територија на Северна Македонија, но и интернационално.