ЗАПОЗНАЈ ГИ ПОБЕДНИЧКИТЕ ТИМОВИ

тим: АЕР02

СОУ „Киро Спанџов Брко“- Кавадарци

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Учениците од СОУ „Киро Спанџов- Брок“ ќе работат на креирање и поставувањето на ветерница на реката која се наоѓа во близина на училиштето, со цел искористување на потенцијалот на ветрот како обновлив извор на енергија и придонесување кон подобрување на квалитетот на воздухот. Ветрот што ќе се генерира во пределот околу реката ќе биде искористен преку ветерниците за генерирање на електрична енергија. Оваа енергија потоа ќе се искористи за прочистувачи на воздухот внатре во училишните простории.

тим: ЕКОСЕПАРОФИЛТЕР

СОУ „Љупчо Сантов“- Кочани

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Тимот „Екосепарофилтер“ ќе развија воздушен филтратор и отпаден сепаратот, во форма на вештачкото дрво кое во своето стебло ќе врши селекција на отпадот во четири категории (хартија, тврда пластика, мека пластика и органски отпад), односно истото ке биде поделено на четири прегради кои автоматски ќе се отвараат на сензор со движење на раката. Над самиот сепаратор ќе биде поставен воздушниот филтратор, изработен од лајсни од медијапан околу кои ќе се намотува влекачкото растение Epipremnium aureum познато по своите позитивни вредности во делот на прочистување на воздухот и создавање на кислород преку процесот на фотосинтеза.

тим: ECO - SMELL

СЕТУГС „Михајло Пупин"- Скопје

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Тимот од СЕТУГС „Михајло Пупин“ ќе придонесат кон почиста средина преку создавање на еколошко позитивни оддржливи рециклирани освежувачи за автомобили. За производство на освежувачот ќе биде користена старата хартија која не се употребува во училиштето. Истата ќе биде рециклирана од страна на учениците и во истата ќе се додадат семиња од цвеќиња. Откако хартијата ќе се исусши во различни форми, се додаваат есенцијални масла за мирис и е се бои со природни бои во различни дизајни. Откако освежувачот ќе го исцрпи своето дејство, може да се засади во земја.

тим: Purifiers

СОУ „Св. Кирил и Методиј"- Неготино

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Идејата на тимот Purifiers е да се креираат прочистувачи на воздух кои ќе се постават на прозорците во најпотребните простории низ училиштето. Прочистувачот ќе ја следи формата и димензиите на прозорецот на кој се поставува, ќе се напојува на сончева енергија преку соларни панели, ќе прочистува со користење на HEPA или ULPA филтер, ќе користи вентилатор чијашто намена ќе биде да прави циркулација на воздухот однадвор кон внатре преку и ќе се придвижува со помош на мотор кој ќе ја претвора сончевата енергија во електрична.

тим: TrashPinger

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“- Охрид

ОПИС НА РЕШЕНИЕ

Тимот на TrashPinger ќе развие мобилна апликација TrashPinger, чијашто основна цел е зачувување на животната средина како и помош на комуналната служба од Охрид за што побрзо и поуспешно расчистување на дивите депониите во Охридскиот Регион. Апликацијата нуди можност за мапирање на отпад и поставување ping на мапата и известувањето се евидентира во службата за комунална хигиена во Охрид како и до сите здруженија за екологија од Охрид кои излегуваат на терен и ги расчистуваат дивите депонии. Како дополнителна мотивација за младите да пријавуваат отпад е тоа што како најлојални корисници на оваа апликација ќе имаат попусти во повеќе локали во Охрид со посебна картичка за лојалност.